Промени тема
Контакт

Митева: Ограбена држава - Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_5220

,,Ограбена држава - Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа.

Дали фирмата од Струмица е директно поврзана со СДС, а фирмата од Скопје со ДУИ? Дали вака СДС и ДУИ ги книжеле милионите под закрила на институциите.

— реклама —

Со години фирмите преку игрите на среќа се богателе и тоа прво без законски основ, а сепак со издадена лиценца и второ, без притоа да плаќаат данок. Кој се од врвот на СДС и ДУИ ги аминувал и прикривал овој криминал од милионски размери?

За споредба, во 2018 година бизнисот со игри на среќа свртел 210 милиони евра, а во 2023 година 800 милиони. Или за 5 години овој бизнис се зголемил за цели 600 милиони евра. Ова директно покажува дека во времето на владеење на СДС и ДУИ преку незаконско работење, со добиени лиценци без основ за тоа се заработувале милиони на грбот на граѓаните, а за да биде уште пострашно некој од тие фирми за тоа не плаќал данок.

— реклама —

И нервозата во СДС и ДУИ е голема, зошто токму овие две фирми од Струмица и Скопје кои го кршеле законот и не плаќале данок, нема да можат тоа веќе да го прават.

Дополнително, последните констатации покажуваат дека од 2017 година „Лотарија на Македонија“, и самата не поседувала лиценца но сепак издавала лиценци за приредување на игри на среќа.

— реклама —

Почитувани,

Со години клучен фактор за развојот на бизнисот во Македонија била политичката моќ на ДУИ и СДС.

— реклама —

Затоа денес секојдневно се служат со лаги и измислици, празни прес конференции и конструирани напади, надевајќи се дека така ќе го покријат сиот криминал кој се открива во институциите.

Но, на клевета ќе одговориме со вистина, СДС и ДУИ мора да знаат дека ќе има одговорност за секоја нерегуларност која ја направиле, само така ќе имаме правна држава и вистинско владеење на правото.”, изјави Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 4 часа

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања