Промени тема
Контакт

Митева: Ограбена држава - СДС и ДУИ да одговорат каде завршиле парите од незаконското работење на фирмите за игри на среќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Marija-Miteva-14.06.2022

,,Ограбена држава - СДС и ДУИ да одговорат каде завршиле парите од незаконското работење на фирмите за игри на среќа

— реклама —

Лотарија без лиценца издава лиценци на две фирми блиски до СДС и ДУИ, едната од Скопје една од Струмица и со години овие две фирми должат на државата пари од своето незаконско работење. За чиј џеб работеле и кој ги прикривал се прашања на кои СДС и ДУИ треба да и одговорат на јавноста. Двете друштва не платиле ниту една од давачките по основ на повеќе закони во период од неколку години со што ja оштетиле државата.

— реклама —

Воедно, едно од друштвата е формирано во 2022 година и од тогаш не платило ништо, иако има обврски кои произлегуваат од Законот за игри на среќа и од законите за одредени даноци.

Во 2021 година МВР ја информираше јавноста дека е спроведена акциска контрола и од слобода лишиле 13 лица кои без лиценца приредувале игри на среќа во Тетово. Како МВР тогаш успеало да ги пронајде сторителите, а за овие две фирми да нема постапка? Дали овие лица кои биле санкционирани не ја делеле заработувачката со врвот на СДС и ДУИ па затоа биле санкционирани, додека овие другите две фирми умешно соработувале со институциите и биле под нивна закрила?

— реклама —

Владеењето на СДС и ДУИ преку ваква политичка контрола покрај тоа што беше секојдневие, истовремено го оштетуваше и буџетот на државата до невидени размери.

— реклама —

Ова е моделот како СДС и ДУИ работеа со години во институциите и за ова одговорност мора да има.”, вели Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Ниту ПИОМ е пред колапс, ниту пензиите се во ризик, единствено СДС е загрозен од опстанок на политичката сцена“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Македонија | пред 4 часа

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 дена

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања