Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Митева: Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на територијата на државата заради зголемена појава на пожари, со времетраење од 30 дена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
28112024_Miteva

“Сакам да ве информирам дека на денешната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на територијата на државата заради зголемена појава на пожари, со времетраење од 30 дена”, вели Марија Митева, портпаролка на Влада и додава:

Оваа одлука е донесена врз основа на денешната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи поради сложената состојба на теренот, високите температури, силните ветрови и ризикот за животната средина, имотот и безбедноста на граѓаните.

— реклама —

Што значи ова на терен? Се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции – армијата, полицијата, противпожарните единици, ЦУК, ДЗС, како и на другите ангажирани структури. Ќе се овозможи брза мобилизација, вклучување на сите човечки, технички и логистички, за справување со ситуацијата и заштита на населението.

— реклама —

Владата ќе обезбеди итна и навремена помош за сите засегнати подрачја, со приоритет на безбедноста на населението.

Државата ќе биде таму каде што е најпотребно.

— реклама —

Им изразуваме длабока благодарност на сите пожарникари, припадници на Армијата, полицијата, волонтерите и граѓаните кои веќе денови пожртвувано се борат со огнената стихија. Нивната храброст и посветеност заслужуваат највисоко почитување.

— реклама —

Ги повикуваме граѓаните на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани, со цел заеднички да ја надминеме оваа состојба.

Владата останува целосно ангажирана и ќе продолжи преку дневна координација да ги следи состојбите на терен и да реагира соодветно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytiied14vj2kqbUB88ml

Промени во ВМРО-ДПМНЕ: Марија Митева избрана за претседателка на Унијата на жени, Тодор Коневски на УМС

Македонија | пред 1 седмица

media-librarylqithsb5mvt29p2NNo3

Имаше дискусија за идниот јавен обвинител, по мислењето од Советот, вели владината портпаролка за изборот на Савески

Македонија | пред 4 месеци

28112024_Miteva

По пет години судска битка, Митева ослободена од тужбата за клевета на поранешен пратеник на СДСМ

Македонија | пред 5 месеци

28112024_Miteva

Митева: Јавното таргетирање медиуми од СДСМ е директен атак врз слободата на изразување

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања