Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Османи тврди дека се комуницира за предвремени избори со ВМРО-ДПМНЕ, Митева: „Шири невистини“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryu7bjgl37oav65haRigU

Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, категорично ги демантира тврдењата на потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, дека имало комуникација со претставници на ВМРО-ДПМНЕ во врска со можноста за предвремени парламентарни избори.

„Апсолутно немаме никаква комуникација со ДУИ, најмалку со Бујар Османи. Очигледно е дека сака да биде активен, а ако не е етничка провокација, тогаш шири невистини“, рече Митева.

— реклама —

Нејзината изјава следува откако Османи во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека ДУИ бара предвремени парламентарни избори и дека очекува тие да се одржат веќе следната пролет.

— реклама —

На директното прашање дали ДУИ бара предвремени избори, Османи одговори потврдно.

„Да, бараме“, рече тој, осврнувајќи се и на претходната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ нема да бега од избори доколку опозицијата ги побара.

— реклама —

Османи тврдеше дека меѓу политичките партии веќе имало комуникација во различни форми и дека, според неговата проценка, во ВМРО-ДПМНЕ нема голем отпор кон идејата за предвремено парламентарно гласање.

„Нормално, во различни форми се комуницирало и кај нив. Нема некој голем отпор во таа насока и очекуваме дека некаде следната пролет ќе има предвремени избори. И ние се подготвуваме за тоа“, изјави Османи.

Тој, сепак, не кажа со кого конкретно од ВМРО-ДПМНЕ била остварена комуникацијата, ниту посочи дека бил одржан официјален состанок меѓу двете партии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygq810g86d1j04Ql2AKd

Хонорари од 129 милиони денари и продукција од 96 милиони: Митева ги објави трошоците за концертите за 8 септември

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarytiied14vj2kqbUB88ml

Промени во ВМРО-ДПМНЕ: Марија Митева избрана за претседателка на Унијата на жени, Тодор Коневски на УМС

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylqithsb5mvt29p2NNo3

Имаше дискусија за идниот јавен обвинител, по мислењето од Советот, вели владината портпаролка за изборот на Савески

Македонија | пред 7 месеци

28112024_Miteva

По пет години судска битка, Митева ослободена од тужбата за клевета на поранешен пратеник на СДСМ

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања