Промени тема
Контакт

Промени во ВМРО-ДПМНЕ: Марија Митева избрана за претседателка на Унијата на жени, Тодор Коневски на УМС

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarytiied14vj2kqbUB88ml

На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беа избрани новите претседатели на Унијата на жени и на Унијата на млади сили на партијата.

За претседателка на Унијата на жени е избрана Марија Митева, која воедно ја извршува и функцијата портпарол на Владата.

— реклама —

Извршниот комитет избра и нов претседател на Унијата на млади сили. На оваа функција е именуван Тодор Коневски, за кого од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е млад и перспективен кадар со силна енергија и потенцијал.

Тодор Коневски преку социјалните мрежи упати благодарност до претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, и до Извршниот комитет за довербата да ја предводи, како што истакна, најголемата и најсилната младинска политичка организација во државата.

— реклама —

Коневски посочи дека неговиот пат во Унијата започнал во 2016 година и дека во изминатите години секоја обврска и предизвик претставувале дополнителна мотивација за работа и напредок.

— реклама —

Со овие кадровски промени, партијата го обнови раководството на двете свои организации, кои се дел од нејзината внатрешна структура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarylqithsb5mvt29p2NNo3

Имаше дискусија за идниот јавен обвинител, по мислењето од Советот, вели владината портпаролка за изборот на Савески

Македонија | пред 5 месеци

28112024_Miteva

По пет години судска битка, Митева ослободена од тужбата за клевета на поранешен пратеник на СДСМ

Македонија | пред 6 месеци

28112024_Miteva

Митева: Јавното таргетирање медиуми од СДСМ е директен атак врз слободата на изразување

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryui7g76930p5meNUSLjb

Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните, но колку е таа поголема, толку е поголема и одговорноста

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања