Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Имаше дискусија за идниот јавен обвинител, по мислењето од Советот, вели владината портпаролка за изборот на Савески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 часа -

Македонија
media-librarylqithsb5mvt29p2NNo3

Портпаролката Марија Митева соопшти дека Владата го предлага обвинителот Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Таа рече дека при изборот клучни биле богатото професионално искуство, личниот кредибилитет и интегритет, како и меѓународното искуство, оценувајќи дека тој може да придонесе за зајакнување на правосудниот систем и подобрување на довербата во обвинителството. Предлогот ќе биде доставен до Собранието.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција објави дека обивнителот Ненад Савески е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител. Таа на новинарско прашање што било клучно за тој да биде избран, одговори дека овој кандидат има богато професионално искуство.

— реклама —

Владата, како што можав да кажам и на самата прес-конференција, навистина имаше конструктивна дискусија, по однос и на професионалниот, но и на личниот кредибилитет, којшто секој еден од кандидатите го поседува, којшто го има и одлучи како предлог на Собранието да го предложи овој кандидат, којшто со своето богато и професионално, но и личен интегритет, којшто го има, цениме дека ќе придонесе кон зајакнување на она што значи правосуден систем и она што ние досега го имаме, а тоа е 2% доверба“, изјави Митева.

Таа додаде дека имало конструктивна дискусија и се разгледувале сите апекти

Јас, како што најавив и во самиот прес, можам да кажам дека навистина имаше конструктивна дискусија во рамки на владата, дека навистина се разгледуваа сите аспекти. Можавте да слушнете за професионалното искуство на судијата, којшто владата го предлага, ценевме дека можеби ова е најдобриот кандидат, којшто ќе треба да даде навистина еден нов степен во јавното обвинителство. Знаете дека тоа е институција којашто во минатото навистина беше пример за тоа како се работеше во негативна смисла, треба да го промениме тоа, треба да дадеме кандидат којшто навистина, покрај професионалниот, ќе има и личен интегритет, ќе има и меѓународно искуство. Јас бев многу детална во однос и на самото портфолио на кандидатот, којшто го предложивме, и истиот предлог ќе го доставиме до Собранието за понатамошно разгледување, се разбира избор“, изјави Митева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

28112024_Miteva

По пет години судска битка, Митева ослободена од тужбата за клевета на поранешен пратеник на СДСМ

Македонија | пред 1 месец

28112024_Miteva

Митева: Јавното таргетирање медиуми од СДСМ е директен атак врз слободата на изразување

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryui7g76930p5meNUSLjb

Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните, но колку е таа поголема, толку е поголема и одговорноста

Македонија | пред 4 месеци

28112024_Miteva

Митева: Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на територијата на државата заради зголемена појава на пожари, со времетраење од 30 дена

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања