Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Млад скопјанец е лицето кое демолираше 11 гробови во Бутел, полицијата го уапси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-library76j1h4pu2b0qbgRKhtw

Полицијата го лиши од слобода 24-годишниот К.К. од Скопје, кој е осомничен дека оштетил 11 гробни места на Градските гробишта Бутел.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека лицето било приведено вчера во 17:50 часот на подрачјето на Шуто Оризари од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.

— реклама —

Според информациите од МВР, на 12 јуни во 17:00 часот вработен во Градските гробишта Бутел пријавил дека го забележал К.К. како со метален предмет оштетува гробни места, по што избегал од местото.

По преземени оперативни мерки и активности, полициските службеници го пронашле и го привеле осомничениот во полициска станица.

— реклама —

„По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Случајот предизвика реакции во јавноста откако беше објавено дека се оштетени вкупно 11 гробни места на гробиштата во Бутел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeus7jljetb3s6HRbAC9

Бутел доби нов мега парк: „Бутелска оаза“ пуштена во употреба

Скопје | пред 14 часа

— реклама —
media-library3m81m77u9rg57o4H5RP

(Видео) Автомобил се преврте во Бутел утрово

Скопје | пред 1 седмица

media-library8b2i0t7pgo7qbjwFSMF

Колумални редари во две смени низ Бутел: ќе ловат кој загадува, уништува и паркира на зелени површини

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryo5mjprjblclqeFWWRBD

Линијата 35 продолжува до Радишани – Бутел ќе добие директна автобуска врска со Аеродром

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања