Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Младеновска: Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library356b0e0bfrn07Y1Rxxp

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Владата на Мцкоски систематски го унишутва пензискиот систем. Пари нема, дупката во ПИОМ е зголемена на 40%, а загрозен е и вториот пензиски столб, вели Рената Младеновска – члена на Извршниот одбор на СДСМ.

„Гувернерот Трајко Славески, од ВМРО, изјави дека до 80% од идните пензионери кои ќе се пензионираат во периодот 2030–2032 година нема да можат да обезбедат ниту минимална пензија.

 Наместо да го зајакне вториот пензиски столб, Мицкоски најавува негово можно укинување или сериозно слабеење.

Според плановите на власта, парите кои денес работниците ги уплаќаат во приватните пензиски друштва, треба да се префрлаат назад во државниот фонд - ПИОМ.

Ова е крајно опасно. Власта го загрозува вториот столб кој постои токму за да се намали притисокот врз државниот фонд и да се обезбеди дополнителна пензија за идните генерации.

Неговото укинување или слабеење значи дека идните пензионери ќе зависат исклучиво од државниот буџет - кој оваа Влада веќе го доведе до колапс.

— реклама —

Владата планира и зголемување на стапката за придонесот за задолжително пензиско за пренасочување на пари кон ПИОМ.

Значи Фондот за пензиско и државниот буџет немаат доволно пари и не можат да исплаќаат пензии соодветно.

— реклама —

Јавниот долг рапидно расте, а трошоците за негово сервисирање стануваат сè поголем товар.

Буџетскиот дефицит за целата година е потрошен уште во првата половина.  За само две години Владата на Мицкоски ја задолжи државата со 2,5 милијарди евра нов долг.

Сето ова се случува поради една причина: корупциските партиски тендери.

— реклама —

Наместо парите да одат во пензии, плати, здравство, образование, тие завршуваат во џебовите на партиски послушници преку тендери скроени по мерка.

Оваа Влада не ја уништува пензијата само на сегашните пензионери туку и пензијата на нивните деца и внуци.

Тоа е катастрофалниот резултат на Мицкоски во изминатите 2 години и тој е одговорен што идните генерации ќе работат цел живот, а на крајот ќе останат без достоинствена пензија“, додава Младеновска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library377k8uh7ft7ld5pdLzu

Младеновска: Цените се веќе до плафон, наместо конкретни мерки Мицкоски само најавува

Македонија | пред 1 ден

media-libraryrrbfvsoa1fo97C5CfAP

„2 години Влада на Мицкоски: Здравството е во тотален распад, ништо од ветеното не е исполнето“, вели Младеновска

Македонија | пред 3 седмици

media-librarykmiifi855f0d0TT9lYo

„Нов Клинички центар е само уште една лага на Мицкоски и поигрување со народот“, вели Младеновска

Македонија | пред 1 месец

media-libraryamlodtakmirc58X8x0B

Младеновска: Мицкоски го загрозува националниот интерес, изолацијата е негова политика – заради кражба

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања