Промени тема
Контакт

Младеновска: Цените се веќе до плафон, наместо конкретни мерки Мицкоски само најавува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library377k8uh7ft7ld5pdLzu

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Се’ е поскапено, цените се веќе до плафон. Граѓаните прескапо плаќаат за неспособноста на владата на Мицкоски, вели Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор на СДСМ.

„Новото покачување на цените на дизелот ќе донесат и нов бран поскапувања на храната и другите услуги.

Наместо да преземе пакет од системски мерки Мицкоски се излезе повторно со нова најава – не за целосен пакет мерки туку само за некакво намалување на акцизите.

И повторно задоцнето, откако цените на горивата веќе пораснаа и повторно за граѓаните нема конкретни, таргетирани мерки.

Кога еднаш цените на ќе се покачат, тие не се враќаат назад. Тоа се случи веќе и сега ќе се случу повторно.

Политиките на Мицкоски се сведени само на најави, импровизации и задоцнети реакции. Тоа е моделот по кој функционира оваа Влада веќе две години.

— реклама —

Прво ги игнорираат проблемите, потоа дозволуваат кризата да го уништи животниот стандард на  граѓаните. Па дури кога штетата е направена, власта излегува со задоцнети и половични мерки кои не носат никакво олеснување за граѓаните.

Граѓаните две години скапо ја плаќаат сметката за неспособноста на оваа Влада - со празни џебови и фрижидери.

СДСМ со месеци бараше и понуди конкретни мерки за заштита на животниот стандард.

Предлагавме намалување на ДДВ за храната, укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, намалување на акцизите, замрзнување на маржите, зголемување на минималната плата на 600 евра и системски мерки за заштита на куповната моќ.

Сите овие предлози, Мицкосски и неговата Влада ги одбија. Едноставно не ги слушаат барањата и потребите на граѓаните - не им се приоритет.

Наместо превентивни мерки, наместо решенија, наместо вистинска грижа што е задача на секоја влада - Мицкоски го стави народот на чекање и преживување.

— реклама —

Граѓаните се уморни од најави и чекања, додека секој ден е нов ценовен шок. Куповната моќ е срозена, а народот преживува од плата која секој месец вреди се помалку.

Потрошувачката кошничка секој месец урива нови рекорди. Скоро 70.000 денари се потребни месечно за покривање на основните животни трошоци.

Оваа Влада ја води државата кон економска и социјална пропаст, а граѓаните кон се подлабока сиромаштија“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1db99orhmt9h9zSOBu4

(Видео) Младеновска: Дали возачот бил само продолжена рака на Јанушев?

Македонија | пред 3 часа

media-library2t2mtu901fnqfncSAuf

(Видео) Младеновска: Клековски призна: „Црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар - оставка веднаш!

Македонија | пред 1 месец

media-library356b0e0bfrn07Y1Rxxp

Младеновска: Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryrrbfvsoa1fo97C5CfAP

„2 години Влада на Мицкоски: Здравството е во тотален распад, ништо од ветеното не е исполнето“, вели Младеновска

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања