Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Младината на СДСМ: Мицкоски го предаде Груевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryrtc4ila8d5d1bvzBBUE

Младинската организација на СДСМ – Социјалдемократска младина на Македонија (СДММ), преку прес-конференција одржана од Кристијан Дојчиновски, упати серија остри обвинувања кон премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

Во настапот, СДММ директно го доведе во прашање политичкиот интегритет на Мицкоски, поставувајќи го прашањето: „Дали Христијан Мицкоски е новиот Ванчо Михајлов во ВМРО?“.

— реклама —

Од младинската организација тврдат дека Мицкоски прави пресврт во ставовите, особено околу поранешниот премиер Никола Груевски, за кого, како што велат, претходно тврдел дека е жртва на политички прогон, а сега изјавува дека ќе заврши во затвор доколку се врати во земјава.

„Падот на Орбан во Унгарија целосно го измести Мицкоски. Настапува тотална паника“, порача Дојчиновски, алудирајќи на политичките промени по поразот на Виктор Орбан.

— реклама —

СДММ обвинува дека Мицкоски бил „чувар на столчето“ на Груевски и дека активно работел на создавање услови за негово евентуално враќање, вклучително и преку напади врз предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство.

— реклама —

Во обраќањето беа поставени и директни дилеми – дали Мицкоски го „предал“ Груевски за да ја задржи власта или станува збор за уште една политичка манипулација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања