Промени тема
Контакт

МНР до Софија: Наместо политички оценки, очекуваме европски однос и почит кон македонскиот јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
mnr-5-1

Министерството за надворешни работи реагираше на изјавите од официјална Софија во врска со Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата на припадниците на заедниците. Од МНР порачаа дека Северна Македонија останува доследна на европските принципи и на меѓусебната почит меѓу соседите и очекуваат истиот пристап да биде применет и од бугарска страна — особено кога станува збор за признавање и уважување на македонскиот јазик.

Оттаму посочуваат дека документот не е резултат на кратка постапка, туку на повеќегодишна работа што започнала уште во 2023 година, а интензивирана во последните шест месеци од 2025. Во процесот биле вклучени домашни и странски експерти од областа на меѓународното право и човековите права, а финалната верзија била усогласена и со европските стандарди.

— реклама —

МНР нагласува дека сите забелешки од засегнатите страни биле земени предвид и дека целта на акцискиот план е да обезбеди заштита и унапредување на правата на заедниците, во согласност со Уставот и со европската рамка. Дополнително, институцијата ја отфрла тезата за наводно еднострано или затскриено носење на документот.

Во реакцијата се истакнува дека Северна Македонија се обидува да биде позитивен пример во регионот кога станува збор за почитување на правата на заедниците, а дека отворените и добронамерни односи со соседите се клучни за стабилност и напредок.

— реклама —

„Очекуваме и од Бугарија европски пристап — со взаемна почит, со воздржување од неосновани коментари и со почитување на македонскиот јазик“, наведуваат од МНР.

— реклама —

Во заклучок, Министерството порачува дека приоритет остануваат владеењето на правото, дијалогот и практичната имплементација на политиките во интерес на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Шестгодишно момче пронајдено со убодни рани во стан во Софија, таткото скокнал од петти кат од зградата во која живееле

Балкан | пред 4 дена

— реклама —
media-librarylcdeie1nugq99RKDHRd

Бугарија истражува дали експлозијата во магацин за оружје била саботажа

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryli93ib1bjrtm5KDGOP6

Силна експлозија во магацин за оружје во Бугарија, огнот го осветли ноќното небо

Свет | пред 1 седмица

media-librarygi8j9aqr8gv58alTlgX

Бугарската шефица на дипломатијата: Нема политичка волја во Скопје за спроведување на европскиот компромис

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања