Промени тема
Контакт

Мобилизирани се сите служби - Кисела Вода се справува со снежните наноси!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Скопје
media-libraryfn1936rtrvc45QJkT4A

По снежните врнежи кои го зафатија цело Скопје, Општина Кисела Вода од раните утрински часови спроведува интензивни активности за чистење и одржување на патната инфраструктура со цел обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Активиран е Кризниот штаб на Општина Кисела Вода, кој е во постојана комуникација со сите надлежни служби и ја координира работата на терен, овозможувајќи ефикасно справување со зимските услови.

— реклама —

Со целосно ангажирана и расположлива механизација, камиони и екипи, континуирано се работи на расчистување на снегот и посипување сол на критичните точки каде што е евидентирана појава на мраз. Во моментов, активностите се одвиваат во населбите Припор, Пинтија и Драчево, како и пред градинките, училиштата и автобуските постојки.

— реклама —

Ангажирани се сите сезонски работници, а екипите се постојано присутни на терен за навремено да одговорат на сите пријави и состојби кои би можеле да го отежнат сообраќајот и секојдневното функционирање.

— реклама —

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните за зголемена внимателност при движењето и почитување на сообраќајните правила, додека општинските служби продолжуваат со активностите сè до целосна стабилизација на состојбата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryap2ioodl01eccM1emuH

(Видео) Хаос во Кисела Вода: викање, мавтање со прст, барање за обезбедување и исфрлање на советник, обвинување за закани

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarydkd5ep51gvm88upuczT

Пожар во Кисела Вода: Се запалило комбе кај „Автомакедонија“

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryqg891ev0gmnd3r92eza

Жители од Кисела Вода повторно без вода: „Истата цевка пука веќе 14 години“

Скопје | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

Без струја дел од Драчево во сабота

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања