Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Модуларната болница во Тетово е симбол на импровизациите на СДС, вели Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Screenshot-2021-09-20-at-08.55.14

Трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која животот го загубија 14 лица, повторно е во фокусот на политичките обвинувања, откако членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изнесе сериозни критики на сметка на поранешната власт на СДСМ и тогашниот министер за здравство Венко Филипче.

— реклама —

Манасиевски изјави дека несреќата претставува „најцрн симбол“ на начинот на кој, според него, се управувало со здравствениот систем, обвинувајќи за импровизации, законски измени по итна постапка и занемарување на безбедносните стандарди. Тој посочи дека во периодот на пандемијата бил изменет Законот за градење, при што модуларните болници биле ставени во категоријата „урбана опрема“, со што, како што наведе, биле заобиколени редовните процедури и контроли, а одобрението за поставување го издавало Министерството за здравство.

— реклама —

Според Манасиевски, јавните тврдења на поранешната обвинителка Лејла Кадриу упатуваат на сериозни пропусти при изградбата, меѓу кои поставување панели со пур пена наместо со камена волна, како и отсуство на елаборат за електрична енергија и соодветна разводна табла. Тој оцени дека станува збор за безбедносни отстапки што, според нивните наводи, имале фатални последици.

Дополнително, Манасиевски тврди дека постоела можност ковид-пациентите да бидат сместени во постојните капацитети на болницата, но наместо тоа бил реализиран проект вреден милиони евра. Тој праша каде завршиле средствата од обезбедените 30 милиони евра, наведувајќи дека за изградбата биле потрошени околу 300.000 евра.

— реклама —

Во својата изјава, тој посочи и дека поранешната обвинителка Кадриу била суспендирана откако побарала градежно вештачење, што, според него, отвора сомнеж за притисоци и партизација на правосудниот систем.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат целосна истрага и утврдување на одговорност, оценувајќи дека граѓаните заслужуваат правда и транспарентност во врска со случајот што ја потресе јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања