„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Мојсоска: Како Мерко во мандатот на Мицкоски отвори приватна градинка?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryl2ltdphhtosqaDTSwh9

Кандидатката за градоначалник на Струга од Левица, Јована Мојсоска, побара одговори од премиерот Христијан Мицкоски и надлежните институции околу отворањето на приватна градинка од страна на градоначалникот на заминување, Рамиз Мерко.

„Како е можно токму во мандатот на владата на Мицкоски, прочуениот градоначалник од ДУИ да отвори приватна градинка во рамки на неговиот контроверзен универзитет?“, праша Мојсоска.

— реклама —

Таа посочи дека е нејасно дали министерот за труд и социјална политика, Фатмир Лимани, издал дозвола за работа на оваа установа или таа функционира без законска основа, додека Министерството за образование и Министерството за социјална политика молчат.

— реклама —

Мојсоска потсети дека во текот на мандатот на Мерко во Струга не била отворена ниту една нова градинка, а една од постојните била затворена, со што се продлабочил проблемот со долгите листи за чекање.

— реклама —

„Градоначалникот кој не обезбеди простор за децата на Струга во јавни градинки, токму во време на ДПМНЕ отвора приватна градинка во рамки на универзитет за кој и ресорната министерка Јаневска утврди неправилности, но наместо санкции – сега таму се отвора воспитно-образовна установа. Додека стружани едвај можат да упишат дете во обична градинка, се создава привилегирана приватна институција“, рече Мојсоска.

Таа додаде дека на граѓаните им е јасно „кој со кого се амнестирал и кој со кого се пазари изминативе 35 години“, алудирајќи на соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4hqjpfoood1063GLOnJ

МВР со кривична пријава за градоначалникот на Струга, спорно именување директор

Македонија | пред 4 дена

media-library0kph0cu3sjnn6QzNaar

(Фото) „Градот не е депонија, ова не е некултура, туку недостаток на основна почит“, реагира струшки комуналец

Македонија | пред 3 седмици

media-library36s7viunm7s2cCasCny

Струга инвестира 90 милиони денари во модерен водоводен систем

Македонија | пред 1 месец

struga

Мојсоска: МВР и ОЈО Струга да се разбуди од зимски сон и да не чека уште еден екоцид за да открие кој незаконски и без концесии работи во Струга

Коментари | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања