Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Моќен потрес во ретко населениот регион меѓу САД и Канада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-librarymb6j72u6vh8c3bKC6th

Моќен земјотрес со магнитуда од 7,0 степени вчера го погоди оддалечениот регион на границата меѓу американската сојузна држава Алјаска и канадската територија Јукон. Иако ударот бил силно почувствуван, не е издадено предупредување за цунами, ниту пак се пријавени материјални штети или повредени лица, пренесува „Гардијан“.

— реклама —

Според Американскиот геолошки завод (USGS), епицентарот бил лоциран на длабочина од околу 10 километри, на приближно 370 километри северозападно од Џуно на Алјаска и 250 километри западно од Вајтхорс во Јукон. По главниот удар следеле неколку послаби афтершокови.

— реклама —

Во Вајтхорс, Кралската канадска коњичка полиција примила два повици од граѓани кои го почувствувале потресот. „Дефинитивно беше почувствуван“, изјави наредничката Калиста Меклауд. Многумина своите реакции ги споделувале и на социјалните мрежи.

— реклама —

Сеизмологот Алисoн Брд појасни дека најпогодениот дел од Јукон е планински и ретко населен. „Најчести пријави се за паднати предмети од полици и ѕидови“, истакна таа.

— реклама —

Најблиската канадска населба до епицентарот е Хејнс Џанкшн, оддалечена околу 130 километри, со 1.018 жители според последните податоци од 2022 година. Земјотресот бил почувствуван и во Јакутат, на Алјаска, град со 662 жители, сместен околу 90 километри подалеку.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Јапонија

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
seizmograf-zemljotres-620x350

Земјотрес со магнитуда од 5,6 степени ја погоди Сицилија

Свет | пред 3 седмици

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес со магнитуда од 7 степени го погоди Тибет

Свет | пред 3 седмици

media-librarytjlvek7b8vg9f1KsZMt

(Видео) Наместо да избега, продавачот ги спасуваше шишињата со вино во маркетот за време на земјотрес

Вирално | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања