Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

МОН му нема доделено стипендија на синот на пратеникот Антонијо Милошевски, рече Јаневска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library2s0cfrm6sp5rdAQxAK3

Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли како неточни информациите дека Министерството доделило стипендија на синот на пратеникот Антонијо Милошевски за студирање на странство.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање за наводите што се шират на социјалните мрежи, Јаневска рече дека во јавноста често се објавуваат неточни информации.

— реклама —

„Мене ми е многу жал да кажам дека на нашите социјални мрежи има многу лажни вести“, рече министерката.

Таа посочи дека лично ги потпишува стипендиите за најдобрите, односно шангајските универзитети, но дека меѓу потпишаните документи нема стипендија за лице со презиме Милошевски.

— реклама —

„Името ‘Милошевски’, односно презимето и името, со ова презиме Милошевски, не е потпишано. Оттука сметам дека ова е апсолутно лажна вест и злоупотреба на името на пратеникот, но што е поважно – на детето“, изјави Јаневска.

Министерката додаде дека нема информации каде евентуално се наоѓа детето во странство, но категорично посочи дека Министерството за образование и наука не му доделило стипендија на синот на Антонијо Милошевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycpa3j57gcvba0zXaU6X

Јаневска во Брисел: ја стимулиравме националната научно-истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Јаневска: со двојно зголемен буџет во период од две години, значително ја раздвиживме науката во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfuub7mn852re5dEEosT

Јаневска им посака добредојде на бруцошите на УКИМ: „Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери“

Македонија | пред 4 седмици

media-librarysdjfu8psmbjgdNFlc6y

Студентите бараат субвенции за поскапиот меѓуградски превоз, Јаневска: Ќе видиме што можеме да направиме

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања