Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Москва ја пофали политиката на Белград, Путин очекува Вучиќ да се врати на премиерската функција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
media-libraryet2tbt04vi8r5zwmw9Y

Рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж дека Александар Вучиќ по следните избори повторно ќе ја преземе функцијата премиер на Србија, притоа истакнувајќи дека Москва ја цени политиката што Белград ја води кон Русија.

— реклама —

Прашањето за Србија било поставено за време на 23. средба на клубот за дискусија „Валдај“. Путин порача дека неговиот став за односите со Белград е добро познат и дека Русија го цени воздржаниот пристап на Србија кон спорните прашања, како и одлуката на земјата да не воведува санкции кон Москва.

— реклама —

Рускиот претседател истовремено изјави дека не разбира зошто, како што оцени, Западот се однесува неправедно кон српскиот народ.

— реклама —

Говорејќи за актуелното српско раководство, Путин ја истакна политиката на соработка со Русија и изрази надеж дека Вучиќ по изборите ќе стане премиер.

— реклама —

„Актуелното раководство на Србија – вклучително и нејзиниот поранешен претседател и, се надевам, иден премиер, Александар Вучиќ – води избалансирана политика и се стреми кон соработка со Русија, а ние секако го цениме тоа и ќе возвратиме на ист начин“, рече Путин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ најави дека ќе ги игнорира претседателските избори во Србија

Балкан | пред 2 дена

— реклама —
media-library92amidutjmj865s26Ra

Вучиќ: Во овој момент не е можно одржување претседателски избори во Србија

Балкан | пред 2 дена

media-library06g0jovu48bl9Fze6Ri

Вучиќ најави обраќање во 13 часот, ќе изнесе детали за „теророт“ и за политиката што моментално се спроведува во земјата

Балкан | пред 2 дена

media-libraryvouc7e6vb534fTnQEFP

Вучиќ стана инфлуенсер, ги преплави социјалните мрежи со рилсови

Балкан | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања