Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Москва реагира на можноста Старлинк да се користи за напади длабоко во Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp
Russian Foreign Ministry's official account

Кремљ остро реагираше на можноста Украина да добие пристап до сателитскиот систем Старлинк за операции против цели длабоко на руска територија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени дека таков чекор би бил „разорувачки, потенцијално опасен и непромислен“.

— реклама —

Говорејќи за односите меѓу Русија и САД, Песков истакна дека тие и натаму не се во најдобра состојба.

Прашањето за користењето на Старлинк за воени операции во Русија се актуелизираше откако финскиот претседател Александар Стуб во интервју за „Ројтерс“ на 25 септември го повика сопственикот на „СпејсЕкс“, Илон Маск, да ја прошири покриеноста на Старлинк во Украина, особено во областите каде што се наоѓаат руски системи за лансирање балистички ракети.

— реклама —

Претходно, „Атлантик“ објави дека поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров разговарал со Маск за можноста Старлинк да се користи за напади врз воени цели во Русија.

— реклама —

Според „Фајненшел тајмс“, Украина се обидувала да добие дозвола за употреба на ударни дронови опремени со Старлинк за уништување руски ракетни постројки до 200 километри од границата. За ова прашање, наводно, украинскиот претседател Володимир Зеленски разговарал и со американскиот претседател Доналд Трамп.

Од Киев неодамна беше објавено дека Маск и понатаму се противи на користењето на Старлинк за напади врз Русија. Според извори цитирани од „Киев Индепендент“, разговорите со Федоров за ова прашање не дале резултат.

На 22 септември, за време на средбата меѓу Трамп и Зеленски во Њујорк, украинската страна повторно го отворила прашањето за Старлинк. Според новинарката на „NewsMax“, Нана Саџаја, Трамп одговорил дека Украина треба да разговара со Маск за тоа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9361j74v29b76UxTKKr

Русија ја обвини Украина за засилени напади врз нуклеарната централа Запорожје

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryi0npvirn2uac5Zfvu94

Романија открила мрежа за саботажи за која тврди дека ја координира Русија

Свет | пред 7 часа

media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q

Москва испрати порака до новите власти во Србија: Сакаме да ја продолжиме соработката

Свет | пред 13 часа

2212721_w-55023928-kim-dzongun_ls

Ким ги отвори вратите и за Путин и за Си, почнува борбата за влијание врз Северна Кореја

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања