Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Романија открила мрежа за саботажи за која тврди дека ја координира Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 54 минути -

Свет
media-libraryi0npvirn2uac5Zfvu94

Романските разузнавачки служби откриле мрежа осомничена за подготовка на саботажи, за која тврдат дека била координирана од руските тајни служби. Според медиумите во Букурешт, уапсени се двајца осомничени во Германија, додека трет е пронајден во Полска.

— реклама —

Меѓу планираните акции бил и обидот за подметнување пожар во фабриката за оружје „Карфил“ во Брашов, во средината на минатиот месец. Романската Дирекција за истраги на организираниот криминал и тероризмот води истрага против тројца осомничени – еден Украинец и двајца Белоруси. Романските власти побарале нивна екстрадиција, објави „Диги 24“.

— реклама —
— реклама —

Според досегашните сознанија, активностите на групата не биле ограничени само на Романија. Истрагите спроведени годинава откриле и други обиди за напади врз цели на романска територија, меѓу кои меѓународни воени објекти и локации користени за обука на украинските вооружени сили.

Според романските медиуми, целта на овие дејства била заплашување, нанесување штета на одбранбените способности и ослабување на придонесот на засегнатите држави во европската и регионалната безбедност. Наводната поврзаност со руските служби е предмет на истрагата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q

Москва испрати порака до новите власти во Србија: Сакаме да ја продолжиме соработката

Свет | пред 6 часа

— реклама —
2212721_w-55023928-kim-dzongun_ls

Ким ги отвори вратите и за Путин и за Си, почнува борбата за влијание врз Северна Кореја

Свет | пред 2 дена

media-library5i4ruv9sol4u4eLfQaZ

Руски дизел тргна кон Њујорк: Танкер со 40.000 тони гориво отплови по договор меѓу Путин и Трамп

Свет | пред 3 дена

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин најавува преговори за мир, но тврди дека украинските територии се руски

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања