Промени тема
Контакт

„Можно е намалување на ДДВ-то на горивата ако продолжи растот на цените“, рече Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата со цените на горивата и дека се разгледуваат дополнителни мерки доколку продолжи растот на цените на светските пазари.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски потсети дека Владата веќе донела мерка со намалување на дел од акцизите за бензините и дизел-горивата, но предупреди дека цената на нафтата повторно се приближува до психолошката граница од 100 долари за барел.

— реклама —

„Воените дејства во Заливот се заоструваат и се интензивираат, така што очигледно нè очекуваат нови предизвикувачки денови. Како Влада ќе интервенираме со дополнителни мерки, а во моментов ги анализираме сите можности. Дали ќе бидат таргетирани или општи мерки, тоа дополнително ќе се утврди“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека со прогласувањето кризна состојба на целата територија на државата до октомври, Владата веќе располага со сите неопходни правни механизми за навремена реакција.

— реклама —

На прашањето дали е можно намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) на горивата доколку продолжи актуелната состојба, Мицкоски одговори дека и таа можност е на маса.

— реклама —

„Да, се разбира, и тоа е една од опциите. Тоа е можеби најмалку посакуваната мерка од аспект на буџетските приходи, но за нас најважен е животниот стандард на граѓаните. Секогаш кога ќе биде потребно, Владата ќе им излезе во пресрет на граѓаните“, рече Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0obdga5213ukdpYLqHT

„Очекуваме инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци да биде меѓу 1,5 и 2 отсто на годишно ниво“, рече Мицкоски

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-library9b82jub8k7lu2rGu4UU

Мицкоски очекува раст на бруто-домашниот производ од 3,5 до 4 отсто

Македонија | пред 16 часа

media-library071qd3e595h3efrUE9Q

Мицкоски за минимална плата од 600 евра: Јас сум за повисоки плати, но тоа треба да се договори со работниците и работодавачите

Македонија | пред 1 ден

media-librarye75h4p09er0453a8Mi4

Мицкоски предупредува: За 15 до 25 години може да останеме со помалку од 500.000 вработени, тогаш ќе настанат вистински проблеми

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања