Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Муцунски: Го потпишавме договорот за имплементација на проектот за паметен Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје

,,Огромно е задоволството денес да го потпишеме договорот со кој што го официјализираме почетокот на јавно-приватното партнерство помеѓу општина Аеродром и корперацијата „Crescent NV“ со цел имплементација на проектот за смарт односно паметен Аеродром.

— реклама —

Овој проект е само почеток на дигиталните решенија кои што ќе се нудат во нашата општина во следните години. Посебно ме радува што иницијалната инвестиција која што ќе ја прави корперацијата „Crescent NV“ во општина Аеродром, на почетокот е некаде околу 9 милиони евра. Се работи за реномирана меѓународна компанија која што котира на Бриселската берза, но уште повеќе не радува што во имплементацијата на нивниот проект тие инкорпорираат и домашни, македонски компании, меѓу кои што ги вбројуваме А1 и Ассеко. Се работи за дигитални решенија насочени кон паметно осветлување, паметна мобилност, воспоставување на бесплатни интернет зони на територија на општина Аеродром, така да ќе има многу решенија кои што граѓаните ќе ги сведочат во следниот период, а кој што понатаму ќе се прошируваат и надградуваат согласно технолошкиот развој кој што се шири во глобалниот свет.

За нас е ова еден значаен исчекор, исчекор кој што во следните 6 месеци отприлика ќе ја направи Аеродром првата паметна општина поширока класификација на територија на цела Република Македонија и се радуваме што реализираме уште едно ветување дадено во последната кампања за локалните избори", вели Муцунски, градоначалник на општина Аеродром.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaj9crr4njl6daL7bbJ7

Муцунски во Истанбул на министерскиот состанок на Балканската платформа за мир

Македонија | пред 1 месец

media-libraryaj9crr4njl6daL7bbJ7

Муцунски: Нашата цел е да бидеме модерна држава со силни институции и силна економија, партнер на САД и најподготвена кандидатка за членство во ЕУ

Македонија | пред 1 месец

media-libraryu0d6jrivubvi0frdYJb

(Фото) Се простија Муцунски и Агелер

Македонија | пред 2 месеци

mucunski4-2

Муцунски: Преговорите со ЕУ не се блокирани – тие никогаш не започнаа поради СДСМ и ДУИ

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања