Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Муцунски: Нашата цел е да бидеме модерна држава со силни институции и силна економија, партнер на САД и најподготвена кандидатка за членство во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryaj9crr4njl6daL7bbJ7

Во интервју за веб-порталот Локално.мк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Давос говори за актуелните геополитички случувања, односите со Соединетите Американски Држави и Европската Унија, улогата на Америка на Балканот и во Европа, темелите на македонската надворешна политика и позиционирањето на државата во рамки на „новиот светски поредок“.

„Може да се менуваат администрациите и стиловите, но интересите – безбедносни, технолошки, трговски и енергетски – остануваат. Наша обврска е да бидеме држава што знае што сака, држава на која може да ѝ се верува и држава што е дел од решението, а не од проблемот“, потенцира министерот Муцунски во интервјуто.

Тој порачува дека државата не се движи по инерција, ниту се води од „модни“ геополитички трендови.

— реклама —

„Ние сме прогресивни во амбицијата. Сакаме да бидеме модерна европска држава со силни институции и силна економија“, вели министерот Муцунски, додавајќи дека во време кога многу лидери во Давос зборуваат за „рушење на стариот светски поредок“, за нас најважно е да останеме внимателни и со јасен компас.

Министерот се осврнува и на политичките односи со САД и Европската Унија, нагласувајќи дека Европа е нашата природна економска, политичка и институционална дестинација, а САД клучен безбедносен и политички столб за стабилноста на континентот.

„Нашата надворешна политика се темели на три постулати: целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, кредибилно и активно членство во НАТО, и стратешко партнерство со САД. Тоа не е ‘или-или’ или ‘и-и’, туку прашање на принципи, а не на следење на моменталните ветрови“, нагласува Муцунски.

— реклама —

Тој додава дека кога се поставува дилемата „ЕУ–САД или Исток“, одговорот е јасен: „Ние припаѓаме на Западот – по вредности, по безбедносна архитектура и по стратешки интереси. Сè друго може да биде економска релација, во рамки на правилата на меѓународното право, но не и геополитичка ориентација“.

„Вистината е едноставна: без американско присуство и лидерство во НАТО, европската безбедност би била послаба; без европска интеграција, нашиот регион би бил поранлив. Ние работиме да бидеме најдобар сојузник во НАТО и најподготвена кандидатка за членство во ЕУ, затоа што овие две определби се комплементарни“, истакнува министерот.

— реклама —

Одговарајќи на прашањето какви односи треба да градиме во иднина, Муцунски вели дека поуката за нас е да бидеме зрели: „Со големите сили не се гради однос на слепа послушност, туку на јасно дефинирани интереси, меѓусебна почит и договори што носат резултати“.

„Стратешкото партнерство со САД не значи климање со глава, туку значи придонес, јасно изразување согласување или несогласување и барање фер третман, затоа што си коректен и предвидлив сојузник“, додава тој, нагласувајќи дека токму на такви принципи се темелат односите со администрацијата на претседателот Трамп – односи од кои произлегуваат конкретни и видливи резултати, и од кои во иднина се очекува дополнително продлабочување на соработката меѓу двете држави.

— реклама —

Говорејќи за актуелниот светски поредок и позицијата на државата во него, министерот Муцунски е дециден дека нашата безбедност денес е неспоредливо посилна, затоа што сме земја членка на НАТО.

„Тоа е клучната разлика меѓу денес и пред 20 години. Ние сме дел од колективен безбедносен систем, имаме сојузници и располагаме со конкретни механизми. Во исто време, тоа не значи дека треба да бидеме наивни – затоа ја зајакнуваме одбраната, институциите, отпорноста на хибридни закани, како и енергетската и дигиталната безбедност“, додава тој.

На крајот од интервјуто, министерот Муцунски заклучува дека стратешката цел останува јасна – модерна европска држава со силни институции и економија.

„Во време на глобални турбуленции, најголема вредност е кредибилитетот. Ние ќе го градиме токму таму каде што припаѓаме – во европското семејство, во НАТО и преку силно, стабилно и принципиелно партнерство со САД“, заклучува Муцунски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaj9crr4njl6daL7bbJ7

Муцунски во Истанбул на министерскиот состанок на Балканската платформа за мир

Македонија | пред 5 месеци

— реклама —
media-libraryu0d6jrivubvi0frdYJb

(Фото) Се простија Муцунски и Агелер

Македонија | пред 5 месеци

mucunski4-2

Муцунски: Преговорите со ЕУ не се блокирани – тие никогаш не започнаа поради СДСМ и ДУИ

Македонија | пред 9 месеци

mucunski-c

Муцунски: Фрчкоски направил штета од шестцифрена сума во евра

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања