Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски упати критики кон Бујар Османи, оценувајќи дека тој нема право да држи лекции за прашања поврзани со државните интереси и преговарачките процеси.
Во објава на социјалните мрежи, Муцунски наведува дека Османи добро знае што било преговарано и прифатено во периодот кога бил на функција и каква позиција, според него, ѝ оставил на државата.
„Тој многу добро знае што преговараше, што прифаќаше и во каква позиција ја остави државата. Затоа, денес нека не троши енергија за да ги извртува фактите и да толкува туѓи изјави“, напиша Муцунски.
Министерот во објавата се осврна и на политичкиот легитимитет на Османи, наведувајќи дека поранешниот министер не ја добил довербата ниту од своите сограѓани во Чаир и дека, според него, по изборниот резултат требало да покаже политичка одговорност.
„За разлика од неговите спинови, позицијата на оваа Влада е јасна и непроменета од првиот ден. Повеќе од две години слушаме обвинувања дека ќе попуштиме, ќе се откажеме и ќе прифатиме сè што претходно било договорено. Наместо тоа, со дела покажавме доследност, принципиелност и јасна заштита на македонските национални интереси. Тоа денес е јасно и дома и кај нашите меѓународни партнери.
Политичката меморија не е толку кратка колку што би сакал. Граѓаните знаат кој ја доведе државата во оваа ситуација. И знаат кој денес се обидува да избега од сопствената одговорност“, наведува Муцунски во објавата.
Најчевска со критики до Османи: Се обидува да се прикаже како борец за правата на Македонците, а беше министер во сенка на Косово
Професорката Мирјана Најчевска реагираше на јавните настапи на Бујар Османи, оценувајќи дека тој се обидува да се претстави како борец за правата на Македонците и за интересите на државата.Во објава на социјалните мрежи, Најчевска наведува дека, според неа, фактите покажуваат поинаква слика за неговото политичко дејствување.„Бујар Османи се обидува да се прикаже како борец за правата на Македонците и борец за интересите на Македонија.Факт е дека Бујар Османи беше министер во сенка на Косово и од
Коментари | пред 5 часа