Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Муцунски: Остро го осудувам вчерашниот инцидент, во спортот нема простор за насилство и агресија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје

Најостро го осудувам инцидентот на вчерашниот натпревар помеѓу кошаркарските клубови МЗТ Скопје Аеродром и Чаир - настан што кај сите нас предизвика сериозна загриженост. Насилството во спортот не само што го поткопува духот на натпреварувањето, туку и ја загрозува безбедноста на спортистите и навивачите. Ова на својата Фејсбук страна го напиша градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо

— реклама —

Муцунски по безбедносниот инцидент на вчерашниот натпревар кој беше прекинат поради напад од неофицијални лица врз тренерот и играчите на МЗТ Скопје Аеродром.

— реклама —

Тој потенцираше дека кошаркарите на МЗТ и целиот стручен штаб се спортски херои во Аеродром, а браќата Дамјан и Војдан вистински кошаркарски легенди, а задача и одговорност на сите е да промовираме спортска култура, меѓусебно почитување и здрава конкуренција.

— реклама —

„Кошаркарите на МЗТ и целиот стручен штаб се нашите спортски херои, а браќата Дамјан и Војдан национални кошаркарски легенди. Гарантирањето на нивната безбедност и овозможувањето на фер игра се наша обврска и задача. Дополнително, одговорност и задача на сите нас, како заедница и општество е да промовираме спортска култура, меѓусебно почитување и здрава конкуренција“, истакна градоначалникот Муцунски во својата Фејсбук објава.

Имајќи ја предвид сериозноста на вчерашниот инцидент, тој побара од Кошаркарската федерација и останатите надлежни институции да ги преземат сите неопходни мерки за негово целосно расчистување и нагласи дека неопходно е во иднина сите заедно да работиме на спречување на секоја форма на насилство и агресија на спортските терени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaj9crr4njl6daL7bbJ7

Муцунски во Истанбул на министерскиот состанок на Балканската платформа за мир

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryaj9crr4njl6daL7bbJ7

Муцунски: Нашата цел е да бидеме модерна држава со силни институции и силна економија, партнер на САД и најподготвена кандидатка за членство во ЕУ

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryu0d6jrivubvi0frdYJb

(Фото) Се простија Муцунски и Агелер

Македонија | пред 1 месец

mucunski4-2

Муцунски: Преговорите со ЕУ не се блокирани – тие никогаш не започнаа поради СДСМ и ДУИ

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања