Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Муцунски: Со над 280.000 гласови разлика беше поразена корумпираната власт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_3922

,,Вчера се случи историја. Вчера народот повторно ја направи Македонија своја и горда и јасно покажа дека Македонија треба да чекори во правецот на напредокот, успесите, реформите и европските стандарди. Вчера победи Македонија, победи народот, победија и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци и Власи, победија граѓаните. Затоа упатувам огромна благодарност до сите граѓани, вклучително и дијаспората, кои патуваа и по стотици и илјадници километри да го дадат својот глас за промени.

— реклама —

Со над 280 илјади гласови разлика беше декласирана власта на СДСМ, затоа што на народот му беше доста од криминалот корупцијата, понижувањата, поделбите, притисоците, поразите и уцените. Вчера беше поразен и бојкотот на ДУИ, но беше упатен и јасен сигнал дека во Македонија мора да има одговорност за пљачкањето и осиромашувањето на граѓаните кое се случува изминатите години.

— реклама —

Одважноста и храброста на народот ја заслужува целата почит. Довербата која беше дадена на ВМРО-ДПМНЕ носи и огромна одговорност и чест да се формира и води влада која ќе биде посветена на секој еден граѓанин, на неговите потреби, барања, на подобриот стандард, на реформите кои ќе значат подобар живот.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата доби трипати повеќе мандати од СДСМ, или ако сакате повеќе од ДУИ и СДСМ заедно на овие избори, со што народот јасно покажа дека овие две партии треба да завршат во опозиција. ВМРО-ДПМНЕ, согласно последните неофицијални податоци од ДИК освои 58 наспроти 18 мандати на СДСМ и 19 мандати на ДУИ. Јасна е волјата на граѓаните, покрај СДСМ, во опозиција треба да оди и ДУИ, да поминат низ една катарза, да има одговорност и да се реформираат, потоа да излезат пред судот на граѓаните.

— реклама —

Дополнително, Македонија вчера доби нов претседателка во името на Гордана Силјановска Давкова која успеа да го победи актуелниот претседател Пендаровски со околу 310 илјади гласови разлика, да потсетам оваа победа е извојувана од позиција на предизвикувач на актуелниот претседател. Тоа говори колку е големо незадоволството на граѓаните од политиката позната „како до сега“.

Народот достоинствено се спротивстави на поразите и се одлучи за промените во свои раце. Наша обврска како идна власт е да работиме одговорно и чесно од првиот ден на формирањето на новата влада, која очекуваме во најбрз можен рок да се состави од партиите кои нудат промени и просперитет. Првите резултати од идната влада треба да се почувствуваат во првите 100 дена од нејзиниот мандат, затоа што ние нудиме и ќе спроведеме концепт на работа и реализација на ветените проекти.

Македонија прославува, но Македонија ја чека и многу работа. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и народот, како што заедно се изборија за промени, така заедно ќе работат за подобра иднина.”, изјави Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryaj9crr4njl6daL7bbJ7

Муцунски во Истанбул на министерскиот состанок на Балканската платформа за мир

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryaj9crr4njl6daL7bbJ7

Муцунски: Нашата цел е да бидеме модерна држава со силни институции и силна економија, партнер на САД и најподготвена кандидатка за членство во ЕУ

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryu0d6jrivubvi0frdYJb

(Фото) Се простија Муцунски и Агелер

Македонија | пред 2 месеци

mucunski4-2

Муцунски: Преговорите со ЕУ не се блокирани – тие никогаш не започнаа поради СДСМ и ДУИ

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања