Промени тема
Контакт

Мукаетов на 25. конференција на Македонската берза: Мал пазар, голема можност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library4vlhhp4okvve1aUJZ1l

Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза.

Во рамките на програмскиот сегмент „Специјални говори/Интервју на бина“, Мукаетов учествуваше во разговорот насловен „Искуство на македонска Blue-Chip компанија“, модериран од Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје. Разговорот отвори повеќе теми поврзани со развојот на компаниите, улогата на пазарот на капитал, значењето на транспарентноста и можностите за раст и интернационализација.

„Континуираниот раст подразбира предизвици, приспособувања и внимателно пресметани одлуки засновани на веродостојни податоци. Фармацевтската индустрија е една од најдинамичните и најстрого регулираните, па зад секоја одлука стојат сериозни анализи и јасна визија. За нас отсекогаш било најважно трендот на раст да биде стабилен, здрав и одржлив“, истакна Мукаетов.

media-library7ldltqimkdnn8CXFxnN

Како примери за долгорочни стратешки одлуки што ги донел или во чие донесување учествувал во текот на својата 27-годишна кариера во компанијата, Мукаетов ги наведе изборот на британската Medicines and Healthcare products Regulatory Agency за референтна агенција во 2007 година и добивањето на првата маркетиншка авторизација за пазарите во ЕУ, дигиталната трансформација со воведувањето на САП, инвестициите во истражување и развој, како и отворањето на „Алкалоид ИНТ“ во Љубљана како хаб за Европската Унија. Меѓу значајните развојни чекори ја посочи и одлуката да се инвестира во производство на цефалоспорини наспроти беталактами, благодарение на која „Алкалоид“ денес е најголем производител на цефалоспорини во Европа и во Евроазија според обемот на производството.

— реклама —

Говорејќи за актуелното работење, Мукаетов посочи дека и покрај сложеното глобално економско опкружување, резултатите на „Алкалоид“ и во 2026 година бележат раст. Компанијата над 60 % од своите пласмани реализира на странските пазари, а очекува годината да ја заврши со консолидирани пласмани меѓу 355 и 360 милиони евра, наспроти 339,3 милиони евра во 2025 година. Од 2006 година наваму консолидираните пласмани на „Алкалоид“ се зголемени речиси седумкратно.

— реклама —

Меѓународната експанзија останува еден од клучните столбови на долгорочната стратегија на „Алкалоид“, кој денес има 27 подружници надвор од Македонија и пласира производи на повеќе од 50 пазари во светот. Плановите се насочени кон натамошно проширување на теренското присуство со отворање нова подружница во Полска до крајот на годинава, додека меѓу пазарите од потенцијален интерес за следните години се Узбекистан, Јужна Америка и регионот ЛАТАМ.

media-libraryt3p5o22i1aka9fDP7yg

Посебен акцент во специјалниот говор беше ставен и врз трансформациите во фармацевтската индустрија, инвестициите во истражување и развој, производите со додадена вредност и примената на вештачката интелигенција. Мукаетов нагласи дека „Алкалоид“ веќе применува решенија базирани на вештачката интелигенција во повеќе сегменти од работењето, со цел создавање нова вредност, развој на производи и услуги и подобрување на ефикасноста.

— реклама —

„Стратегијата ја градиме таму каде што имаме знаење и можност да создадеме додадена вредност. Не мора да бидете најголеми за да бидете иновативни. Важно е навреме да препознаете каде можете да направите разлика“, порача Мукаетов.

„Алкалоид“ е присутен на Македонската берза уште од нејзиното формирање во 1996 година, додека котацијата на првиот официјален пазар се случила на 13 ноември 2002 година. Котирањето донело повисоки стандарди на транспарентност и редовно објавување финансиски и деловни информации, а со тоа и поголема одговорност спрема акционерите, инвеститорите и јавноста.

media-librarydadfttluotkcam0ey6I

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3erqeqpi5hao0nGk58P

Од врвот на 34-метарскиот фабрички оџак до уметничка инсталација: Старото лого на „Алкалоид“ доби ново место и продолжува да ја раскажува приказната за компанијата

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarya9bbahjc5asm9AfSPFw

Вработените во „Алкалоид“ собраа 2,2 милиони денари – средствата одат за лекување на најмалите во детската клиника „Козле“

Македонија | пред 3 дена

media-library7jvkcu7lal07bvlbH6n

(Видео) Мукаетов: Не се многу компаниите што успеале да издржат 90 години – зад успесите на „Алкалоид“ стојат вработените

Македонија | пред 3 дена

Screenshot-2025-06-05-at-10.48.08

Алкалоид шампион, ЕХФ со конечна одлука

Спорт | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања