Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Мурињо: „Бенфика е Бенфика, но Реал не се одбива“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Спорт
media-libraryl5skt1pvr0el9MxrkrK

Жозе Мурињо призна дека постои можност за негово враќање во Реал Мадрид, но нагласи дека во моментов е многу поблиску до останување во Бенфика. Искусниот португалски стратег изјави дека неговиот агент Жорже Мендеш веќе разговара со челниците на мадридскиот клуб, но засега нема конкретна понуда.

— реклама —

„Во овој момент сум 99 отсто за останување во Бенфика, бидејќи имам договор и понуда што сè уште не сум ја разгледал, но агентот ми кажа дека е исклучително добра. Од страна на Реал Мадрид засега немам ништо, но никој не е наивен, единствено што постои се разговори меѓу Жорже Мендеш и структурата на Реал Мадрид“, изјави Мурињо.

— реклама —

Тој додаде дека евентуалната одлука нема да зависи од финансискиот аспект, туку од тоа каква улога би имал во клубот.

— реклама —

„Не се работи за повеќе или помалку едно евро, туку што сакаат од мене, дали сум способен да го исполнам тоа што го бараат и каков профил на работа ми нудат“, рече португалскиот тренер.

— реклама —

Мурињо не ги криеше ниту емоциите кон Бенфика.

„Бенфика е Бенфика и тоа што го чувствувам кон клубот веќе не можам да го сокривам. Цела кариера го криев тоа, но сега повеќе не можам“, истакна тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryta6ouhu7c3v78u43Jtr

Мурињо: „Не ја ни погледнав понудата“

Спорт | пред 1 ден

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања