Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Мурињо со порака до Гвардиола: „За мене тоа е слабост“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Спорт
media-libraryta6ouhu7c3v78u43Jtr

Жозе Мурињо повторно проговори за своето ривалство со Пеп Гвардиола, но и за односот кон тренерската професија, во својот нов документарец „The Special One“ на Нетфликс.

Португалскиот тренер се осврна на одлуката на Гвардиола да направи едногодишна пауза по заминувањето од Барселона во 2012 година, признавајќи дека самиот никогаш не би направил таков чекор.

— реклама —

„Некои луѓе имаат потреба од едногодишна пауза, а јас го мразам тој збор. За мене, таквата пауза е слабост“, изјави Мурињо.

Гвардиола по четири години на клупата на Барселона се повлече на една година од фудбалот, а потоа се врати како тренер на Баерн Минхен. Мурињо, пак, вели дека одмор од тренерската работа никогаш не му бил потребен.

— реклама —

„Не зборувајте ми за слободни години. Мене никогаш не ми треба одмор. Ќе одморам кога ќе умрам“, порача Португалецот.

— реклама —

Мурињо додаде дека и понатаму не може да замисли момент во кој ќе се повлече од фудбалот. Тој сака да освојува уште трофеи и да работи на места каде што досега не бил, но и повторно да се враќа таму каде што веќе работел.

„Не можам ни да замислам кога ќе престанам да се занимавам со фудбал. Велам уште десет години, но можеби и повеќе. Забавно е. Сакам да освојам уште титули“, рече Мурињо.

— реклама —

Тој нагласи дека атмосферата на стадионите и работата пред илјадници навивачи се нешто без кое не може да го замисли својот живот.

„Мојот свет е влегувањето на фудбалски стадион пред 50.000, 90.000 или дури 100.000 навивачи. Тоа е мојот свет. Без фудбал чувствувам дека нешто ми недостига“, заклучи Мурињо.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl5skt1pvr0el9MxrkrK

Мурињо: „Бенфика е Бенфика, но Реал не се одбива“

Спорт | пред 2 месеци

media-libraryta6ouhu7c3v78u43Jtr

Мурињо: „Не ја ни погледнав понудата“

Спорт | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања