Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

МВР со детали за кривичната против Мети Сејдини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarym6qu2eqlt3ht8gqdln0

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поради основано сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

Како што информираат од МВР, пријавата е поднесена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција до Основното јавно обвинителство Скопје.

— реклама —

Според наводите, во периодот од ноември до декември 2024 година, осомничениот како службено лице прибавил противправна имотна корист од околу 660.000 евра за правно лице од Скопје.

— реклама —

Случајот е поврзан со средства добиени од УЕФА, наменети за ревитализација на спортска инфраструктура во рамки на програмата „ХетТрик VI“. Се работи за проект за изградба на трибина на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, за кој била избрана понуда во вредност од околу 3,3 милиони евра без ДДВ.

Иако таква можност не била предвидена ниту побарана од изведувачот, ниту пак била дел од одлуката на Управниот одбор, осомничениот вметнал дополнителен услов во договорот – авансна исплата од 20 проценти од вредноста на договорот, пред започнување на работите и без обезбедување.

— реклама —

На 17 декември 2024 година, со негов налог, средствата во износ од околу 660.000 евра биле исплатени авансно на избраната фирма.

— реклама —

Од МВР наведуваат дека со ваквото постапување осомничениот ги префрлил средствата што му биле доверени во службата, спротивно на утврдените процедури и одлуки.

media-library26o66egmtqdo9huWQSY

Се бара притвор за експретседателот на ФФМ Сејдини: истрага за проневера на 660.000 евра

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Мети Сејдини, поради основано сомнение за кривично дело „проневера во службата“.Според Обвинителството, во периодот ноември – декември 2024 година, како службено лице, тој прибавил противправна имотна корист од околу 660.000 евра за правно лице од Скопје.Сомнежите произлегуваат од реализација на проект финансиран со средства од УЕФА, намене

Македонија | пред 2 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

— реклама —
media-library26o66egmtqdo9huWQSY

Се бара притвор за експретседателот на ФФМ Сејдини: истрага за проневера на 660.000 евра

Македонија | пред 2 месеци

media-library9f0vhk80ascnffUH20g

Експретседателот на ФФМ Сејдини е успсен за проневера и злоупотреба: детали од Обвинителството

Македонија | пред 2 месеци

media-library26o66egmtqdo9huWQSY

Приведен поранешниот претседател на ФФМ Мухамед Сејдини – истрага за 700.000 евра

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања