Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Се бара притвор за експретседателот на ФФМ Сејдини: истрага за проневера на 660.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Македонија
media-library26o66egmtqdo9huWQSY

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Мети Сејдини, поради основано сомнение за кривично дело „проневера во службата“.

Според Обвинителството, во периодот ноември – декември 2024 година, како службено лице, тој прибавил противправна имотна корист од околу 660.000 евра за правно лице од Скопје.

Сомнежите произлегуваат од реализација на проект финансиран со средства од УЕФА, наменети за ревитализација на спортска инфраструктура, во рамки на програмата „ХетТрик VI“. Станува збор за изградба на трибина на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, за која по спроведена постапка била избрана понуда во вредност од околу 3,3 милиони евра без ДДВ.

Иако таква можност не била предвидена ниту побарана од изведувачот, ниту пак одобрена од Управниот одбор, осомничениот внел дополнителен услов во договорот – исплата на аванс од 20 проценти од вкупната вредност, пред започнување на градежните работи и без никакво обезбедување.

На 17 декември 2024 година, со налог од осомничениот, на избраната компанија ѝ биле исплатени околу 660.000 евра авансно.

Обвинителството оценува дека постои опасност од бегство, како и можност за влијание врз сведоци, поради што до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор.

media-library9f0vhk80ascnffUH20g

Експретседателот на ФФМ Сејдини е успсен за проневера и злоупотреба: детали од Обвинителството

Скопското обвинителство потврди дека е уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Мети Сејдини.“Во рамките на предмет оформен во ОЈО Скопје, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција лишија од слобода едно лице поради дејствија кои упатуваат на сомненија  за сторени кривични дела - проневера и злоупотреба”, велат од Обвинителството.Тие посочуваат: Се уште се преземаат дејствија по наредба на јавниот обвинител, а повеќе детали за натамошниот тек на постапката ќе бидат споделени по завршувањето на дејствијата кои се во тек.Претходно, според неофицијални информации, беше приведен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Мети Сејдини, под сомнение за проневера на околу 700.000 евра средства, наводно добиени од УЕФА за изградба на трибина во Охрид.Според истите извори, сомнежите биле констатирани по промената на раководството во федерацијата, по што случајот бил пријавен во Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 18 часа

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym6qu2eqlt3ht8gqdln0

МВР со детали за кривичната против Мети Сејдини

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-library9f0vhk80ascnffUH20g

Експретседателот на ФФМ Сејдини е успсен за проневера и злоупотреба: детали од Обвинителството

Македонија | пред 18 часа

media-library26o66egmtqdo9huWQSY

Приведен поранешниот претседател на ФФМ Мухамед Сејдини – истрага за 700.000 евра

Македонија | пред 19 часа

Screenshot-2024-11-17-at-20.14.43

Сејдини останува прв човек на ФФМ до 22 декември, кога ќе се бира неговиот наследник

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања