Промени тема
Контакт

МВР со детали за претресот кај родителите на судијата, каде открија пари соѕидани во ѕид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryk9chqiu7d1gceH1tl4i

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал, по барање на јавен обвинител од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка, извршиле претрес на дом и други простории на подрачјето на Неготино.

Претресот бил извршен во рамки на истрага за пронаоѓање предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела, а се однесува на случајот со Ѓоко Ристов, судија во Апелациониот суд во Скопје, осомничен за примање награда за противзаконито влијание.

— реклама —

Како што информираат од МВР, при претресот во соѕидан простор во ѕидот биле пронајдени 350.000 евра, за кои постои сомнение дека биле незаконски стекнати и прикриени.

Од Министерството појаснуваат дека денешното постапување е резултат на дејствија преземени во рамки на опсежна истрага на Обвинителството, откако на 14 декември 2025 година бил осомничен адвокат за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.

— реклама —

Според официјалното соопштение, станува збор за една од најопсежните истраги поради сомневања за висока корупција во државата досега, која е поткрепена со информации и известувања од Агенција за национална безбедност.

— реклама —

Претресите и другите истражни дејствија, како што наведуваат од МВР, продолжуваат, а јавноста ќе биде навремено информирана за натамошниот тек на постапката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

apelacija

Апелација му ја зголеми казната на 20 години затвор на кавадарчанецот Илија Панов, осуден за убиството на партнерката

Македонија | пред 2 седмици

media-library2qt1irfdk6sue9jFjH6

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на Апелација, Тања Милева доби само два гласа

Македонија | пред 3 седмици

media-librarykbajvh3nsh691nK2tR7

Бодовите против менаџерските способности: Судскиот совет расправаше кој да ја води Апелација, па прават пауза за да најдат звучник оти не се слушаат

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrbg26kshfogn3dFrttO

ИРЛ осудени за клевета кон Анѓушев, Цветковска: Следни дестинации се Уставен и Стразбур

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања