МВР со неосновани казни за луѓето кои го блокираа патот Струмица-Радовиш нема да го заплаши народот, протестите продолжуваат, вели Панова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
13

„Десетици граѓани кои го блокираа патниот правец Струмица-Радовиш се мета на заплашување од страна на МВР. Тие веќе следниот ден по протестот добија прекршочни казни од 50 евра за движење по пат и 35 евра за паркирано возило“, вели Ели Панова, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Таа додава:

Тие ниту се движеле по пат, ниту паркирале возило непрописно, туку мирно во времетраење од 1 час го изразија својот револт, протестираа против предлогот на власта за бугаризација и го блокираа патниот правец Струмица - Радовиш.

— реклама —

За прогонот да биде уште поочигледен МВР пишале казни и на граѓани кои воопшто не биле дел од протестот за истиот случај. Од ова јасно се гледа дека казните се пишувани по однапред даден список и целта е заплашување на народот да не протестира и да не си ја брани државата.

Казните за луѓето кои го блокираа патот Струмица-Радовиш се неосновани и против Уставното право на протест. Власта точно го знае ова, и затоа казните се основаат на прекршокот паркирано возило резервиран за сообраќај на моторни возила или движење по пат резервиран за сообраќај на моторни возила.

Луѓето кои го блокирале патниот правец Струмица-Радовиш ниту се движеле непрописно, ниту паркирале непрописно, тие протестирале и го остварувале своето право на протест, загарантирано со чл. 21 од Уставот.

Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба, гласи членот 21 од Уставот кој власта го прекрши.

ВМРО-ДПМНЕ со свои правни тимови ќе им помогне на сите кои добија прекршочни казни, а ваквиот притисок врз граѓаните кои протестираат ќе остане забележан како притисок и заплашување на власта од политички побуди и за истиот ќе има одговорност. Ниту еден притисок, ниту една казна нема да го сопре народот во неговата искрена намера да се спротивстави на оваа ненародна власт. Затоа протестите продолжуваат, гласно да кажеме Ултиматум, НЕ благодарам и вечер во 19 часот пред владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања