Промени тема
Контакт

МВР со засилени контроли: 59 санкции за мотоциклисти и возачи на тротинети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library9q24ke3t098m3eIMrzW

Во акциска контрола спроведена вчера од 17 до 22 часот на подрачјето на Кочани и Виница, полициските службеници изрекоа вкупно 59 санкции за прекршоци сторени од возачи на мотоцикли и лесни електрични возила – тротинети.

— реклама —

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, најголем дел од прекршоците се однесуваат на управување мотоцикл без заштитна кацига, при што биле санкционирани 34 возачи. Евидентирана е и една санкција за возач на електричен тротинет, три за управување без соодветна возачка категорија, една за возење под дејство на алкохол, една за истечена регистрација, една за истечена полиса за задолжително осигурување, две за други прекршоци на мотоциклисти и уште 16 за останати сообраќајни прекршоци.

— реклама —

За време на контролата биле откриени и три кривични дела. Од слобода биле лишени три лица, меѓу кои и еден малолетник, поради сомнение дека сториле кривично дело „управување моторно возило без возачка дозвола“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.

— реклама —

Во акцијата биле одземени и три мотоцикли, а против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни пријави.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период, со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите со цел поголема безбедност на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymbhv6fk5edabds7v7uN

Крадел производи во продажен објект на Бит Пазар, па го нападнал вработениот кој се обидел да го спречи

Македонија | пред 10 минути

— реклама —
media-librarymkii53gn4r9g6qyf2BP

Запалил сува трева додека ја чистел нивата, пожарот зафатил поголема површина, уапсен 77-годишник

Македонија | пред 22 минути

media-library8qfqilso0lmiaeqULbz

13-годишник повреден при пад од електричен тротинет во Дебреше

Македонија | пред 55 минути

media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Објавил оглас за продажба на книги, внел податоци од картичката и останал без 34.785 денари

Македонија | пред 55 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања