Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

На Артан Груби вечерва му истекува куќниот притвор, судот сè уште не одлучил за враќање на пасошот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
artan-grubi

Мерката куќен притвор за Артан Груби, обвинет во предметот „Државна лотарија“, истекува вечерва на полноќ. Во меѓувреме, Кривичниот суд во Скопје сè уште нема донесено одлука по неговото барање за враќање на пасошот, за кое е понудена имотна гаранција.

— реклама —

По завршувањето на мерката, Груби ќе може да се брани од слобода. Тој е меѓу обвинетите во случајот во кој се истражува сомнеж за злоупотреба на службената положба и овластувањата.

— реклама —

Според обвинението, Груби, како поранешен вицепремиер и претседавач со владина седница, дал согласност за набавка на видеолотариски терминали преку кои Државната лотарија организирала игри на среќа. Обвинителството смета дека станува збор за игри што Лотаријата немала право да ги приредува, а штетата за државниот буџет ја проценува на 9,7 милиони евра.

— реклама —

Во врска со мерките за обезбедување присуство, Груби изјавил дека нема да бега и дека тоа ќе го потврди гаранцијата што ја понудил. Неговиот бранител посочил дека гаранцијата надминува 335 илјади евра и е обезбедена со три стана.

— реклама —

Се очекува судот до крајот на денот да одлучи дали ќе го прифати барањето за враќање на пасошот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6lhjh63ktfvk5GqgRfT

Прифатена гаранција и укинат притвор за Перпарим Бајрами од Лотарија, притворот истекува за 5 дена

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryon88ogreg7apdg56aPF

Сведок на судењето за „Државна лотарија“: Бајрами го нарекувал Груби „шефот“

Македонија | пред 4 дена

media-librarysbq097r26t6cfnUuv4x

Сведокот го смени исказот во случајот „Државна лотарија“, Обвинителството проверува дали имало притисоци

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqmqd5bfhjklodY1KCRo

Груби излегува од куќен притвор, но останува без пасош – судот одби да го врати и со гаранција

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања