На аздисаноста и нема крај, Филипче во друштво на Заев, грчките плажи ги замени со приватни журки во луксузни хотели во Дубаи, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce-zaev-haris-dzinovic-dubai

„Лицемерието, арогантноста, аздисаноста и одродувањето биле одлика на досегашните раководставата на СДС. Во тоа доследно ги надгради и прошири и Венко Филипче, за кој, патем, 29% од македонските граѓаните не знаат дека тој е претседател на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Ароганцијата покажана на последното негово појавување пред новинарите ги помина сите досегашни граници. Венко Филипче, наместо да даде отчет за видеото кои руши рекорди на гледаност по социјалните мрежи, на кое се гледа како тој во друштво со неговиот другар, Зоран Заев видно расположени се журкаат на приватна забава по луксузни хотели во Дубаи, надмено и арогантно одговара дека не коментира приватни работи.

Откако Филипче во друштво со Заев, цело лето го поминаа по ексклузивните грчки плажи и од таму, од време на време се по некој фејсбук статус се јавуваше да одглуми некаква загриженост за државата, сега им залади времето, па плажите ги заменија со луксузни хотели и скапи приватни журки во секогаш топлиот Дубаи.

— реклама —

Едно патување до Дубаи и назад, и плус учество на приватна журка во луксузниот хотел Хилтон, сигурно чини неколку илјади евра, но што е тоа за Филипче и Заев кога во нивно владеење ја опљачкаа Македонија, ги осиромашија граѓаните, ја уништија економијата.

И додека граѓаните мака мачат да го врзат месецот од први до први, Филипче и Заев трошат илјадници евра за приватни забави по екслкузивни дестинации.

Откако се врати од Дубаи на Филипче му текна дека тој на хартија е претседател на СДС, па на лицемерен начин се обидува да ја замајува јавноста дека се грижел за стандардот на граѓаните. За оној животен стандард кој тие во нивното владеење го уништија и во чие време оставија 500 илјади македонски граѓани на прагот на сиромаштија со по 150 денари на ден.

На таков начин не се води ниту куќен совет, а не пак политичка партија, затоа да не се чуди Филипче зошто ни членовите на неговата партија не му веруваат и зошто рејтингот му е само 5% и истиот дополнително се намалува. На Македонија и треба консолидирана опозиција, а аздисаноста и арогантноста граѓаните знаат да ја казнат, како што тоа го направија на двојните избори во мај“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања