Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

На денешен ден во 1992 година Македонија ги усвои знамето и химната како државни симболи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarynmhf7gt5u93h1A0kIDK

Периодот по осамостојувањето на Македонија беше обележан и со создавање на институциите и симболите на новата независна држава.

— реклама —

Еден од важните чекори беше направен на 11 август 1992 година, кога Собранието го утврди државното знаме, а химната „Денес над Македонија“ беше официјално потврдена како државна химна.

— реклама —

Според тогашниот Закон за знамето, државниот симбол имаше црвена основа и златно-жолто сонце со вкупно 16 зраци – осум основни и осум споредни. Законот беше изгласан на 11 август 1992 година, а беше објавен во „Службен весник“ еден ден подоцна.

— реклама —

Ова знаме се користеше во првите години од независноста, но во 1995 година беше заменето со сегашното знаме. И денес државното знаме има црвена основа и златно-жолто сонце, но со осум зраци кои се протегаат до рабовите.

Химната, за разлика од знамето, не претрпе промени. „Денес над Македонија“, со текст на Владо Малески и музика на Тодор Скаловски, и пред независноста се користела како химна, а на 11 август 1992 година беше официјално потврдена како химна на независна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5harqe7l9t2tfbvRJBI

(Видео) „Брука“: Автобуси од Македонија со поддржувачи на Вучиќ тргнале кон митингот во Ниш, па застанале да уринираат покрај автопат

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryocadhgvj2dks651gdsg

„Не сакам да се откажам од мојата крв, од моите претци, а се прави се' да треба да бирам страна“: Стојановска предупредува на растечката омраза меѓу Македонците и Бугарите

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryq03i454uh7b6dtwWGn0

Македонија поевтина за странците, но сè поскапа за домашните граѓани

Македонија | пред 2 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-04-5900PM

Македонија меѓу побезбедните дестинации во светот според мапата на ризици за 2027 година

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања