Промени тема
Контакт

На двајца државјани на Холандија им е забранет влез во Индонезија поради наводна дискриминација на локалното население

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarybvtpoua43fn6co5kcct
unsplash

На двајца државјани на Холандија им е забранет повторен влез во Индонезија, откако организирале тркачки клуб на Бали што предизвика голем скандал поради наводна дискриминација на локалното население.

Станува збор за 35-годишниот Јост Стормс и 37-годишниот Хиде ван Влит, основачи на заедницата „Entourage Bali“. Тие го напуштиле островот и заминале во Сингапур пред имиграциските власти да успеат да ги приведат.

Случајот привлече големо внимание откако на социјалните мрежи се појавија видеа и пораки од настанот, по што индонезиските власти отворија истрага.

Директорот на имиграциската служба на Бали, Хендарсам Марантоко, изјави дека постои сомнеж оти организаторите ги прекршиле прописите, дискриминирале локални жители и без потребните дозволи организирале комерцијален настан.

— реклама —

Контроверзиите избувнаа кога беа објавени пораки од кои произлегува дека на одредени индонезиски државјани не им било дозволено да учествуваат. Во една од нив, организатор наводно му соопштил на кандидатот дека не е прифатен затоа што е Индонезиец.

— реклама —

По бројните реакции во јавноста, од „Entourage Bali“ се извинија, тврдејќи дека никогаш немале намера да дискриминираат кого било.

Според нив, проблемот настанал поради грешка во автоматизираниот систем за пријавување и нагласуваат дека меѓу учесниците имало и голем број локални жители.

— реклама —

Организаторите соопштија дека привремено ги прекинуваат сите свои активности и настани на Бали додека случајот не биде целосно разјаснет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryon4oo2j3m7s353UnYsz

(Видео) Започна операцијата за извлекување на траектот што потона во Јаванското Море, 129 лица сè уште се водат како исчезнати

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-library2uluffv3g07i9AwtOV3

По ерупцијата на вулканот „Анак Кракатау“ повторно отворени аеродромите во Џакарта

Свет | пред 2 седмици

media-librarysvb2qa4hj8189IA1MJB

Вулканскиот пепел го парализираше сообраќајот во Индонезија: 270.000 патници и 2.300 летови погодени

Свет | пред 2 седмици

media-librarymas1qqroc53i61qPnFI

(Видео) Индонезија во страв: Еруптираа три вулкани, 150.000 патници останаа заглавени на аеродромите

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања