Промени тема
Контакт

На Мециновиќ му се јавуваат експерти и активисти да му помагаат, откако објавил дека е кандидат за Скопје, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
mecinovic-51346

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, објави дека во неговиот тим се приклучува инженерот Дејан Димовски, кој има долгогодишно искуство како раководител за електромашинско одржување, техничко следење и мониторинг во ЈП „Водовод и канализација“.

— реклама —
— реклама —

„Со оваа одлука, како што наведуваат од тимот на Мециновиќ, јасно се става до знаење дека еден од главните фокуси на Левица во Скопје ќе биде решавањето на хроничните проблеми со водоснабдувањето во градот, како и воспоставување на силни и ефикасни јавни претпријатија, целосно ослободени од влијанија на приватни интереси.

— реклама —
— реклама —

Оваа објава доаѓа по претходните повици на кандидатот на Левица до Скопјани активно да се приклучат во движењето за подобро Скопје и заедничко решавање на проблемите од секојдневието. Како што изјави тој, уште во првите 24 часа од објавата на кандидатурата почнале да се приклучуваат активисти и експерти од различни области“, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Едно избирачко место на повторените локални избори воопшто не е отворено, во неколку се доцнело поради временските услови

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Започна повторното гласање за градоначалник во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања