Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

На слобода излегува уште еден осуденик за 27 април: Вили Гајда најавува враќање на сцената

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Настани
media-libraryh8pgmcnu4luvczlcr1n

Уште еден осуденик за настаните од 27 април 2017 година доби условен отпуст од судот, откако одлежа две третини од изречената затворска казна за упадот во Собранието. Станува збор за Вилијам Михајловски – Вили, кој преку објава на социјалните мрежи информира дека од 1 јануари е на условна слобода и дека планира постепено да се врати на јавниот и професионалниот живот.

— реклама —

Во пораката до јавноста, Михајловски најави дека од 2026 година повторно ќе настапува како музичар, со фокус на традиционалната македонска музика и инструменти. Тој порача дека музиката за него претставува „лек за душата“ и дека има намера преку настапи да го промовира македонскиот мелос, културата и јазикот, притоа потенцирајќи дека политиката ја остава настрана.

Според судските одлуки, условниот отпуст на Михајловски формално започнува од 31 декември 2025 година. Во изминатиот период, условна слобода добија и други осуденици за 27 април. Пред околу еден месец условен отпуст им беше одобрен на Мунир Пепиќ, Оливер Поповски, Влатко Трајковски, Душко Лазаров, Јане Ченто, Митко Пешов, Горан Ѓошевски и Никола Митревски, додека Младен Додевски и Горан Ангелов исто така се најдоа на списокот на лица кои излегоа од затвор под услов.

— реклама —

Оливер Радулов, пак, условен отпуст доби пред околу шест месеци. Со тоа, бројот на осуденици за упадот во Собранието кои се пуштени на условна слобода континуирано се зголемува, по одлежување на законски предвидениот дел од казните.

Според информации со кои располага медиумот, паралелно со овие постапки е поднесено и барање за повторување на судската постапка за случајот „27 април“, што повторно ја отвора дебатата во јавноста за судските пресуди, одговорноста и правните последици од еден од најконтроверзните настани во поновата политичка историја на државата.

Бонус видео:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0u5e0tvp3lac8BjyYZs

Дејан Давидовски-Дешо кој беше во бегство е ослободен за „27 април“

Македонија | пред 3 дена

jane-cento

Судењата беа наптревар за издржливост, системот беше вклучен, а одлуките беа синхронизирани, вели Ченто за 27 април

Коментари | пред 1 седмица

media-libraryva0e1shba2au1KM5w7q

(🔴ВО ЖИВО) Претрес на Јовановски: како им пресудија на 27 април, проституцијата и силувањата во затвор, УЧК во 2001, кризите

Студио | пред 2 седмици

media-libraryrtunvs14cr7q776I3EC

(Видео) „Овој народ не заслужува да има држава, не би излегол пак да го бранам“, вели бранителот Трајковски, осуден за 27 април

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања