Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Во Кривичен суд е намален заостатокот на предмети, решени над 86 проценти од случаите, Транспаренси го издвои како пример во правосудството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-29-7940PM

Основниот кривичен суд Скопје е издвоен како еден од „бистрите“ примери во априлскиот извештај „Бистро-Матно“ на Транспаренси Интернешнл-Македонија, со акцент на објавените резултати за работата на судот и зголемената транспарентност.

Според извештајот, Кривичниот суд го објавил првото издание на својот е-весник, преку кој ја презентира работата на институцијата, статистиките и судската практика, со цел поголема отвореност кон јавноста.

Во првиот квартал од 2026 година, судот донел 620 пресуди за полнолетни сторители, 60 пресуди за малолетници и дури 6.534 пресуди во прекршочна постапка.

Во делот за организиран криминал и корупција, биле определувани ефективни притвори, куќни притвори и мерки на претпазливост, а носени биле и пресуди врз основа на спогодби.

Транспаренси наведува и дека според податоците за 2025 година, Основниот кривичен суд Скопје го совладал приливот на предмети и го намалил заостатокот. Судот решил 86,19 проценти од предметите што биле во работа, поради што е оценет како ажурен суд.

Овие податоци се дел од редовниот мониторинг „Бистро-Матно“, преку кој Транспаренси Интернешнл-Македонија ги следи состојбите поврзани со корупцијата, транспарентноста и функционирањето на институциите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymrlt495ngccvcQR4Htk

Нелегалниот ботокс им донесе притвор на шест осомничени, а куќен на четворица

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Обвинет е во болница, па судењето за „Пулс“ утре нема да се одржи

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryh8pgmcnu4luvczlcr1n

На слобода излегува уште еден осуденик за 27 април: Вили Гајда најавува враќање на сцената

Настани | пред 4 месеци

Vanja-1

Две години по убиството на Вања: Македонија и понатаму трага по одговори

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања