Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Нелегалниот ботокс им донесе притвор на шест осомничени, а куќен на четворица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Македонија
media-librarymrlt495ngccvcQR4Htk

Основниот кривичен суд одреди мерки за осомничените во акција за организиран криминал со нелегален увоз и дистрибуција на медицински препарати: шест лица во притвор, четири во куќен притвор и девет со мерки на претпазливост. Акцијата на 23 април опфати Скопје, Струмица и Битола, со претреси и приведувања. Одземени се медицински средства, 39.285 евра, 2.490 CHF, 26.000 денари, „Порше“ и други предмети. Пријави има против 19 физички и 6 правни лица, а се сомничи и цариник за поткуп.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Основниот кривичен суд одреди притвор за шест лица, куќен притвор за четири и мерки на претпазливост за девет осомничени во рамки на големата полициско-обвинителска акција за организиран криминал поврзан со нелегален увоз и дистрибуција на медицински препарати.

Од судот информираат дека од вкупно 11 предлози за определување мерка притвор, обвинителството по сослушувањето на осомничените за две лица го преиначило барањето во куќен притвор. Судот прифатил едно од тие барања, додека за второто лице наместо куќен притвор изрекол мерки на претпазливост.

— реклама —

За преостанатите девет лица за кои бил побаран притвор, судот уважил шест предлози, а за тројца наместо притвор определил куќен притвор.

Со ова, вкупниот биланс од постапката е: шест лица во ефективен притвор, четири во куќен притвор и девет со мерки на претпазливост.

— реклама —

Акцијата, која беше спроведена на 23 април од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, под раководство на обвинител од ОЈО ГОКК, опфати повеќе градови – Скопје, Струмица и Битола, каде беа извршени претреси и приведени 14 лица.

Според истрагата, осомничените делувале како организирани криминални групи кои набавувале и дистрибуирале нелегални медицински препарати – ботокс, филери и други помагала – без одобрение од надлежните институции, без декларации и без контрола.

Во текот на претресите биле пронајдени и одземени значителни количини медицински средства, 39.285 евра, 2.490 швајцарски франци, 26.000 денари, луксузно возило „Порше“, мобилни телефони, парфеми и други предмети.

Обвинителството поднесе кривични пријави против 19 физички и шест правни лица за дела како злосторничко здружување, повреда на права од индустриска сопственост, неовластена употреба на туѓа фирма и примање поткуп.

Истрагата покажува дека групите набавувале фалсификувани медицински препарати од Србија, Кореја и Турција, кои нелегално биле внесувани во државата, а потоа складирани, дистрибуирани и користени при естетски зафати, со што, според надлежните, била создадена опасност по здравјето на граѓаните.

Во предметот е опфатен и царински службеник кој се сомничи дека примил поткуп за да овозможи влез на нелегалната стока без соодветна контрола.

Постапката продолжува, а обвинителството најавува дополнителни дејствија за целосно расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Обвинет е во болница, па судењето за „Пулс“ утре нема да се одржи

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-libraryh8pgmcnu4luvczlcr1n

На слобода излегува уште еден осуденик за 27 април: Вили Гајда најавува враќање на сцената

Настани | пред 4 месеци

Vanja-1

Две години по убиството на Вања: Македонија и понатаму трага по одговори

Македонија | пред 4 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Осомничен 24-годишник за полови дејствија врз 5-годишно девојче

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања