Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Националниот парк Шар Планина со детали за инцидентот со ратраците: Притисоци, закани и неовластена уплата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 час -

Македонија
media-library0tv2phv2njt61xkSsXC

Јавната установа Национален парк Шар Планина соопшти дека веќе четврта година континуирано работи на регулирање на дејноста скијање со ратрак-машини надвор од скијачкиот центар Попова Шапка, согласно Планот за управување со паркот и правилата за движење на моторни возила на заштитеното подрачје.

— реклама —

Од институцијата нагласуваат дека оваа дејност е дозволена исклучиво под строго утврдени услови и со почитување на актите и одлуките што ги има донесено Националниот парк, како институција основана од Владата на Република Македонија. Операторите кои ја вршат дејноста се обврзани целосно да ја почитуваат законската рамка.

Во врска со вчерашната интервенција на терен, од Националниот парк информираат дека службените лица постапувале исклучиво во рамки на своите законски овластувања, со цел контрола на спроведувањето на законите и заштита на природните вредности на Шар Планина. Според нив, немилиот настан што се случил при извршување на службените задачи претставува напад врз правниот поредок и директно го загрозува интегритетот и безбедноста на вработените.

— реклама —

На местото на настанот, покрај директорот на Националниот парк, раководителот на Одделението за заштита на природата и чуварите на природа, биле присутни и лица ангажирани од операторот, приватно обезбедување, сопственикот на хотел „Арена“, како и околу педесетина туристи. Дел од лицата ангажирани од операторот, како што наведуваат од институцијата, влегле во конфликт со вработените, ја попречувале нивната работа, го нарушиле нивниот личен дигнитет и го довеле во ризик нивниот живот и здравје.

Поради ескалација на ситуацијата, во 9:15 часот било упатено барање за полициска поддршка на бројот 112, од каде, според Националниот парк, не биле преземени конкретни мерки против лицата кои го предизвикале инцидентот, ниту било спречено понатамошното користење на ратраците. Присутните, како што се наведува, го напуштиле местото со скандирања и навреди.

По завршување на настанот, претставници на Јавната установа се упатиле во Полициската станица во Тетово, каде што поднеле соодветна пријава, оценувајќи дека законитоста на постапувањето на терен треба да биде предмет на темелна и дополнителна истрага.

Дополнително, од Националниот парк информираат дека додека давале изјава во полиција, во 13:26 часот, на сметката на институцијата била извршена уплата од 300.000 денари од ресторан „Арена“, со назначена цел „аванс за надомест за вршење дејност со ратрак по регистриран пат“. Од паркот појаснуваат дека ресторанот не е регистриран оператор, нема договор со институцијата и не поседува лиценци за вршење на ваква дејност.

Средствата, како што наведуваат, се уплатени без издадена фактура или претходно барање и ќе бидат вратени во првиот нареден работен ден, а за случајот е известен и Секторот за економски криминал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library07rsk17h23nr6R4vmpn

Бизнис без дозвола или заштита на природата: ескалира спорот меѓу „Ескимо Фрирајд“ и НП „Шар Планина“

Македонија | пред 14 часа

media-library07rsk17h23nr6R4vmpn

(Видео) Драма на Шар Планина: Диви ратраци ги загрозиле животите на ренџерите

Македонија | пред 1 ден

sar-planina

Нема да се доделуваат концесии за нови мали хидроцентрали во НП Шар Планина

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања