Промени тема
Контакт

Над 1.000 повици на 112: Граѓаните пријавуваат штети од невремето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-librarykihe5v08hu7ofyE4KYh

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Според директорот на ЦУК, Мухамед Али, на повеќе локации низ главниот град се регистрирани сериозни последици од невремето. На улицата „Женевска“ број 10 паднала кровна конструкција од зграда, при што се оштетени повеќе патнички возила.

— реклама —

Пријавени се и паднато дрво врз моторно возило на улицата „Методија Митевски“, паднато дрво на улицата „Никола Тримпаре“, како и падната кровна конструкција на улицата „Трифун Бузев“.

Од силниот ветер е откорнат и дел од покривната конструкција на Основното општинско училиште „Владо Тасевски“. На улицата „Хелсинки“ број 5 се регистрирани две паднати дрвја, додека на улицата „Скупи“ број 89 паднати дрвја оштетиле електрични кабли, патничко возило и дел од куќа.

— реклама —

Покрај Скопје, штети се пријавени и во Куманово, каде на булеварот „Октомвриска револуција“ паднала кровна конструкција.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека за сите пријавени случаи се известени надлежните служби, кои се на терен и работат на расчистување и отстранување на последиците од невремето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library69lsqvf0l6bh1e8vlp7

(Видео) Снимки од Градски парк сведочат за разорното невреме што го погоди Скопје: Огромни дрвја откорнати од корен

Скопје | пред 2 месеци

— реклама —
media-librarycp3pdq5kdggo6xM4Ubk

Следуваат инспекции на објектите чии кровови летнаа во невремето, ќе се формираат и комисии за процена на штетите

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryrbiqm3bvl7g64CJVoUv

(Фото) Невремето остави белег на часовникот на Музејот на Град Скопје, симболот што 62 години покажува 5:17

Скопје | пред 2 месеци

media-librarykihe5v08hu7ofyE4KYh

Скопските болници се полни по невремето: 33 повредени, двајца хоспитализирани

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања