Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Над 1,6 милиони деца во Јемен се во опасност да останат без вода, болниците имаат гориво за уште четири дена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-library16clv4b7ljl6fJgmY4X
unsplash

Повеќе од 1,6 милиони деца во јеменската покраина Таиз се изложени на ризик да останат без пристап до вода за пиење поради борбите и недостигот на гориво, предупредија агенции на Обединетите нации.

Претставникот на УНИЦЕФ во Јемен, Ахил Ијер, изјави дека водоводните системи што снабдуваат околу три милиони луѓе, меѓу кои најмалку 1,6 милиони деца, се загрозени бидејќи борбите ги попречуваат клучните снабдувачки правци. Недостигот на дизел се заканува да ги запре пумпите за вода, а цената на водата што се доставува со цистерни е тројно зголемена од последната ескалација на конфликтот.

— реклама —

Хуманитарната криза дополнително се продлабочува поради гладот и неухранетоста. Од почетокот на годината во Таиз биле прегледани повеќе од 168.000 деца, а кај над 52.000 била утврдена акутна неухранетост. Ова значи дека речиси секое трето прегледано дете се соочува со овој проблем.

Во меѓувреме, бројот на раселени лица низ Јемен до 17 октомври надминал 250.000, во споредба со претходно пријавените речиси 213.000, соопштија од Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР). Најчесто пријавена потреба кај новораселените семејства е засолништето, по што следуваат храната и финансиската помош. Агенцијата ги проценила потребите на 12.283 раселени домаќинства во покраините Абијан, Аден, Мариб, Лахџ и Таиз, од кои околу 2.050 немаат засолниште.

— реклама —

Состојбата е критична и во здравствениот систем. Според Светската здравствена организација (СЗО), 12 болници во Таиз имаат резерви на гориво за само околу четири дена, додека залихите на 115 од 127 основни лекови се доволни за приближно една недела.

— реклама —

Од континуираното функционирање на болничките служби зависат 1.110 пациенти на дијализа, 192 пациенти на интензивна нега и 154 новороденчиња сместени во инкубатори.

Дополнително загрижува и растот на сомнителните случаи на колера. Нивниот број на неделно ниво се зголемил од 221 на 683 во периодот меѓу 36. и 40. епидемиолошка недела.

За итна 90-дневна реакција се потребни 31 милион долари, но досега се обезбедени само 3,8 милиони долари, поради што недостигаат 27,2 милиони долари.

Агенциите на ОН ги повикаа сите страни во конфликтот да ги заштитат цивилите и водоводната и здравствената инфраструктура, како и да овозможат безбеден пристап за хуманитарната помош, со цел да се спречи натамошно влошување на кризата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library49o6fqfalg3t4vADEqc

Три деца загинаа во воздушни напади во Јемен, Хутите ја обвинија Саудиска Арабија

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryf233mbq74iclcykp2WB

(Видео) Петмина загинати во ракетен напад врз комплексот на претседателската палата во Јемен

Свет | пред 4 дена

media-libraryl9plevn5u4eb6gb748w

(Видео) Нова ескалација во Јемен: Нападнат аеродром во Аден, пресретнати балистички ракети кај Ријад

Свет | пред 1 седмица

media-library49o6fqfalg3t4vADEqc

Хутите тргнаа кон стратешките височини во Јемен, се продлабочува конфликтот на Црвеното Море

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања