Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Најмалку 15 повредени во воздушни напади врз главниот град на Јемен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 минути -

Свет
media-librarypa6v7r89a9cd8PvpMk4

Во воздушните напади врз Сана, главниот град на Јемен, биле повредени најмалку 15 лица, соопштија Хутите, обвинувајќи ја Саудиска Арабија дека стои зад нападите. Според телевизијата „Ал Масира“, оштетени се најмалку осум куќи и три продавници, а погодена е и бензинска пумпа.

— реклама —

Во пристанишниот град Мока, на брегот на Црвеното Море, избувнал пожар во електрана. Претходно, коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти дека извршила воздушни напади врз позиции на Хутите во Сана и во провинциите Ходеида и Сада, тврдејќи дека уништила 50 воени цели.

— реклама —

Според соопштението на коалицијата, меѓу целите биле работилници за производство и составување оружје во Сана. Нејзиниот портпарол, генерал-мајор Турки ал Малки, не соопшти детали за причинетата штета или евентуалните жртви.

— реклама —

Во меѓувреме, саудиската противвоздушна одбрана пресретнала и уништила крстосувачка ракета на Хутите, насочена кон поширокото подрачје на Ријад.

— реклама —

Дополнително, британската Агенција за поморски трговски операции соопшти дека вооружени лица презеле контрола врз товарен брод во Аденскиот Залив, на околу 63 наутички милји југозападно од јеменското пристаниште Балхаф. Засега никој не ја презел одговорноста за нападот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryf233mbq74iclcykp2WB

Продолжуваат нападите врз Јемен: 33 загинати и 39 повредени

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-library16clv4b7ljl6fJgmY4X

Над 1,6 милиони деца во Јемен се во опасност да останат без вода, болниците имаат гориво за уште четири дена

Свет | пред 1 месец

media-library49o6fqfalg3t4vADEqc

Три деца загинаа во воздушни напади во Јемен, Хутите ја обвинија Саудиска Арабија

Свет | пред 1 месец

media-libraryf233mbq74iclcykp2WB

(Видео) Петмина загинати во ракетен напад врз комплексот на претседателската палата во Јемен

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања