Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Продолжуваат нападите врз Јемен: 33 загинати и 39 повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 46 минути -

Свет
media-libraryf233mbq74iclcykp2WB

Бројот на загинати во саудиските воздушни напади врз Јемен се зголеми на 33, додека 39 лица се повредени, објавија медиумите под контрола на јеменските бунтовници Хути. Првичните информации говореа за најмалку 22 загинати и 30 повредени.

— реклама —

Меѓу жртвите во местото Ал Шарија, источно од главниот град Сана, има жени и деца, пренесува Би-Би-Си. Во нападите во саботата биле уништени пет куќи, а потрагата и спасувачките активности продолжуваат.

— реклама —

Нападите следувале еден ден по ударот врз преполн пазар во југозападната јеменска област Таиз, каде што загинале најмалку 30 лица, а осум биле повредени. Хутите и претставниците на јеменските власти меѓусебно се обвиниле за одговорност за нападот.

— реклама —

Новите напади се случуваат во период на засилени судири меѓу Хутите и владините сили, кои имаат поддршка од коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Во меѓувреме, продолжуваат воздушните напади низ Јемен, како и ракетните напади и нападите со беспилотни летала врз територијата на Саудиска Арабија, за кои одговорност преземаат Хутите.

— реклама —

Јемен е зафатен од вооружени судири од крајот на 2014 година, кога Хутите го зазедоа главниот град Сана и поголем дел од северниот дел на земјата. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во 2015 година започна воена интервенција во поддршка на меѓународно признатата јеменска влада.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library16clv4b7ljl6fJgmY4X

Над 1,6 милиони деца во Јемен се во опасност да останат без вода, болниците имаат гориво за уште четири дена

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-library49o6fqfalg3t4vADEqc

Три деца загинаа во воздушни напади во Јемен, Хутите ја обвинија Саудиска Арабија

Свет | пред 3 седмици

media-libraryf233mbq74iclcykp2WB

(Видео) Петмина загинати во ракетен напад врз комплексот на претседателската палата во Јемен

Свет | пред 3 седмици

media-libraryl9plevn5u4eb6gb748w

(Видео) Нова ескалација во Јемен: Нападнат аеродром во Аден, пресретнати балистички ракети кај Ријад

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања