Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Три деца загинаа во воздушни напади во Јемен, Хутите ја обвинија Саудиска Арабија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library49o6fqfalg3t4vADEqc

Најмалку три деца загинале, а 10 лица биле повредени во воздушни напади врз југозападната јеменска покраина Дамар, соопштило Министерството за здравство под контрола на Хутите.

— реклама —

Бунтовничката група, која има поддршка од Иран, ја обвини Саудиска Арабија дека стои зад нападите, пренесува АП. Засега нема коментар од саудиските власти во врска со обвинувањата.

— реклама —

Според соопштението на министерството, во вчерашните напади биле погодени куќи во селото Ал-Ар, во областа Давран Анес. Животот го загубиле едно осумгодишно момче и две деца на возраст од 10 години, додека повеќе од 10 лица биле повредени.

— реклама —

Според податоците на Министерството за здравство под контрола на Хутите, од обновувањето на судирите во септември, на териториите под нивна контрола загинале 124 лица.

— реклама —

Конфликтот во Јемен трае од 2015 година, кога Саудиска Арабија започна воена интервенција на страната на меѓународно признатата влада, со цел да ја врати нејзината власт во главниот град Сана, кој претходно го презедоа јеменските бунтовници Хути.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf233mbq74iclcykp2WB

Продолжуваат нападите врз Јемен: 33 загинати и 39 повредени

Свет | пред 54 минути

— реклама —
media-library16clv4b7ljl6fJgmY4X

Над 1,6 милиони деца во Јемен се во опасност да останат без вода, болниците имаат гориво за уште четири дена

Свет | пред 2 седмици

media-libraryf233mbq74iclcykp2WB

(Видео) Петмина загинати во ракетен напад врз комплексот на претседателската палата во Јемен

Свет | пред 3 седмици

media-libraryl9plevn5u4eb6gb748w

(Видео) Нова ескалација во Јемен: Нападнат аеродром во Аден, пресретнати балистички ракети кај Ријад

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања