Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Над 160 деца научија да пливаат во бесплатната школа во Кавадарци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryblt7j91eqjcc8fsX0RI

Над 160 деца ова лето ги направија првите чекори во пливањето или ги усовршија своите вештини во рамки на бесплатната школа за пливање што се реализираше во Општина Кавадарци.

Школата успешно заврши, а најмладите имаа можност преку спорт, дружење и забава да го поминат летото активно, истовремено стекнувајќи поголема сигурност и самодоверба во вода.

— реклама —

Програмата се реализираше на Градскиот базен, кој по реновирањето и со обезбедувањето топла вода понуди пријатни и безбедни услови за учење и спорт. Покрај часовите по пливање, за децата беа организирани и различни игри, активности и дружења.

— реклама —

Со учесниците работеа професори по физичко и здравствено образование, кои преку стручен и посветен пристап им помогнаа на децата да ги совладаат основните техники на пливањето, да стекнат сигурност во вода и да развијат позитивни навики поврзани со спортот.

Во реализацијата на бесплатната школа беа ангажирани професорите Дарко Цеков, Влатко Пецов, Филип Атанасов, Јован Леотиковски, Илија Грозданов и Боро Ѓорѓиев.

— реклама —

Од Општина Кавадарци оценуваат дека големиот интерес за школата е уште една потврда дека децата и родителите ја препознаваат важноста на физичката активност, спортот и здравите навики уште од најмала возраст.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryctppd11fdi8a0grdBIg

Био-пазарот во Кавадарци пред завршница, инвестицијата изнесува 26,5 милиони денари

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryuiebv6r4sed6dOGG6ey

Поставена заштитна мрежа во должина од 65 метри на патеката кон Марена

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryb7q6pbsudvp59wTvOWe

Во училишните дворови во Кавадарци поставени контејнери за текстилен и електронски отпад

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryund8l8aj0d9ffZ9yMt9

Општина Кавадарци осветлена во розово во знак на поддршка на кампањата „Розов октомври“

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања