Промени тема
Контакт

Над 2 милиони евра се платени на некој што имплементирал нефункционален систем во ЈСП, рече Ѓорѓиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
media-libraryo5mjprjblclqeFWWRBD

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на седница на Град Скопје изјави дека над два милиони евра се исплатени на субјект кој имплементирал нефункционален систем во Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, нагласувајќи дека токму поради тоа претпријатието со години трпи сериозни финансиски загуби.

— реклама —
— реклама —

Според Ѓорѓиевски, најголем дел од загубите во ЈСП настануваат поради ненаплата на билети, што директно произлегува од нефункционалниот систем кој, како што вели, мора целосно да се замени. Тој посочува дека во моментов состојбите во претпријатието постепено се нормализираат и дека се работи на воспоставување поефикасно и одржливо функционирање.

— реклама —
— реклама —

Во текот на расправата, градоначалникот е прашан од советничка како е можно Ленин Јовановски да биде ангажиран како надворешен консултант во ЈСП, а советничката на Левица го нарече „кралот на приватните привозници“. На тоа, Ѓорѓиевски одговара дека не му е познато за кого станува збор и дека нема сознанија дека таква одлука е донесена од страна на директорот на претпријатието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc1qdhv9fjae3fc2SoGd

Ѓорѓиевски: БРТ е едно од повеќето функционални решенија за градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryup4301a81e6e25w49u4

(Видео) Ѓорѓиевски: Распишан тендерот за предквалификација за брз автобуски превоз во Скопје

Скопје | пред 2 седмици

media-librarytdqo9uftd1429gAU7e7

Ѓорѓиевски: Жените се столб на нашата држава и незаменлива сила во демократскиот развој

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryndi0d8e5mo6k0TnLzbH

Ѓорѓиевски со честитка за 8 Септември: „35 години независност, гордост и непокор“

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања