Промени тема
Контакт

Најчевска: Стратегијата на чекање на Глигоров ја направи Македонија заложник на Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Коментари
10637golema

Професорката Мирјана Најчевска се огласи на социјалните мрежи по вчера објавените декласифицирани документи што го објави ЦИА, според кои грчката влада во раните деведесетти години, односно во 1992 година, му понудила 100 милиони долари на тогашниот прв претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, за промена на името на државата.

— реклама —

Кои се големите грешки на Киро Глигоров како претседател на Македонија.(да нема забуни ова го имам кажано и тогаш кога беше актуелен претседател).

Прво, тоа што ја примени стратегијата на чекање, тогаш кога требаше да биде искористен моментот. Со тоа овозможи Македонија денес да стане заложник на Бугарија.

Второ, застана зад Бранко Црвенковски и ја поддржа криминалната приватизација и разграбување на општото добро.

Трето, дозволи неговото пуленче Фрчковски да изработи Устав кој се базира на етницитетите, наместо граѓански устав во кој наместо колективитетите во средиште ќе биде поставена индивидуата.

Четврто, со одбивањето да се промени името на државата дозволи да созреат националистичките сили и да добијат во сила на бранот на идејата за Александар Македонски како предок и континуитет на македонската држава од антиката до денес, а отфрлање на државниот развој во СФРЈ.

За државниците не важи синтагмата “за покојниот се најдобро“ (која според мене е глупава и за секој човек). Актите на државниците се анализираат, посебно низ призмата на последиците од тие акти кои луѓето ги живеат“, вели професорката Мирјана Најчевска.

— реклама —
— реклама —
media-library7jsr3f97rtqs4J56MHR

(Фото) Киро Глигоров одбил 100 милиони долари од Грција за промена на името на Македонија

Киро Глигоров, останува една од најенигматичните и најстратегиските фигури на југословенската транзиција. Документи што неодамна се декласифицирани од архивите на американската разузнавачка служба – ЦИА – го потврдуваат овој епитет, откривајќи ја неговата внимателна дипломатска игра во раните 1990-ти години, пренесува албанската новинска агенција ИНА.Според документ на ЦИА од ноември 1992 година, се изнесуваат детали за тоа во која насока се движела Македонија како новоформирана држава по отцепу

Македонија | пред 5 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

Најчевска за затворениот предмет за модуларните болници: За вакво нешто се тресе држава, а кај нас повторно ќе се заборави

Коментари | пред 2 дена

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

„Додека Јавното обвинителство и судовите не станат независни институции, секој криминалец кој ќе дојде на власт ќе биде заштитен“, вели Најчевска.

Македонија | пред 3 дена

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

„Создадовме општество во кое е нормално да си криминалец, но е забрането така да го наречеш“, жестока порака од Најчевска

Македонија | пред 5 дена

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

Најчевска: Поднесов пријава против Богојески за дискриминација, Комисијата молчи – можеби ќе реагира ако напишам дека го крши Охридскиот рамковен договор

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања